10 забавни крими мистерии во кои нема да погодите кој е негативецот
Murder on the Orient Express
Повторно филм снимен според книга на Агата Кристи и со Херкул Поаро.
Овој пат, познатиот детектив е на патување со возот Ориент Експрес, каде повторно треба да реши мистериозно убиство.
A Haunting in Venice
И, уште еден филм со Херкул Поаро на листата (кој ветуваме дека е последен).
Во A Haunting in Venice, Поаро е веќе во пензија и води изолиран живот во Венеција.
Откако присуствува на сеанса во наводно опседната куќа, се вплеткува во уште една мистерија бидејќи едниот од гостите е убиен.
The Invisible Guest
The Invisible Guest или Contratiempo, е шпанска мистерија за маж кој е обвинет за убиството на неговата девојка.
Со надеж дека ќе ја докаже својата невиност, тој најмува познат адвокат кој му помогнува да го открие убиецот.
Gosford Park
Со Меги Смит и Хелен Мирен во главните улоги, Gosford Park е забавна мистерија со примери на комедија.
Дејството се фокусира на богато семејство кое се собира за викенд, но нивните мрачни тајни почнуваат да излегуваат на виделина кога еден од нив е убиен.
Zodiac
Инспириран од вистинскиот сериски убиец, Zodiac пробува да реши една од најпознатите мистерии во светот.
Главниот лик е артист кој станува опседнат со убиецот и пробува да го открие неговиот вистински идентитет преку морничавите писма што им ги праќа на медиумите.
Филмот има одлична актерска екипа која ги вклучува Џејк Џиленхол, Роберт Дауни Џуниор и Марк Рафало.
Спирова С. | Црнобело
