10-те најконтроверзни филмови и серии на Нетфликс
365 Days можеби беше многу популарен, но беше критикуван дека го прикажува насилството како нешто добро.

Нетфликс стои зад бројни одлични филмови и серии. Но, со толкава продукција, нормално е и да потфрли.
Низа серии и филмови на Нетфликс се соочиле со критики и се сметаат за контроверзни, дури и оние кои биле особено популарни.
Пет контроверзни Нетфликс филмови:
To the Bone
Со Лили Колинс во главната улога, To the Bone ја раскажува приказната на 20-годишна девојка со анорексија.
По неколку неуспешни обиди да се излекува, девојката се согласува да оди на уште една рехабилитација.
Филмот обработува тешка тема, а се соочи со критики дека ги „велича“ нарушувањата во исхраната, наместо да ја прикаже суровата реалност зад нив.
365 Days
Иако многумина го опишуваат како многу лош филм, факт е дека 365 Days беше мошне популарен кога излезе, а си доби и продолжение.
Главниот лик е девојка која оди на патување во Сицилија. Овде е киднапирана од мафијаш кој ја држи во заробеништво цела година, со цел да ја натера да се заљуби во него.
Филот изобилува со секс сцени, а покрај ова, филмот е критикуван и за тоа што ги претставува киднапирањето и сексуалната експлоатација како нешто сосема во ред. Исто беше критикувано и второто продолжение на филмот.
Blonde
Blonde е еден од многуте филмови за Мерилин Монро, а главната улога ѝ припаѓа на Ана де Армас.
Филмот е всушност фиктивна верзија на животот на познатата убавица, од нејзините почетоци, до нејзиниот тажен крај.
Веројатно претпоставувате зошто овој филм беше критикуван – според многумина, филмот ја експлоатира Мерилин Монро, а некои го опишуваа и како „садистички“ приказ на нејзиниот живот.
Extremely Wicked, Shockingly Evil and Vile
Уште еден филм инспириран од вистинска личност, овојпат серискиот убиец Тед Банди кој го глуми Зек Ефрон.
Во филмот, кога Тед Банди станува главен осомничен за низа убиства, неговата тогашна девојка одбива да верува во обвиненијата.
Филмовите кои се снимени според вистински убијци секогаш привлекуваат критики, но во овој филм беше критикуван бидејќи Тед Банди е премногу шармантен, додека жртвите се заборавени.
Bird Box
Научнофантастичниот филм со Сандра Булок во главната улога им се допадна на љубителите на жанрот.
Дејството е сместено среде апокалипса, каде жена и две мали деца пробуваат да преживеат. Но, на очите мораат да носат превез – ако го извадат, ќе умрат.
За овој филм критиките беа малку поразлични. Бидејќи беше многу популарен, многу деца почнаа да прават онлајн предизвици каде што ги копираа ликовите со превез на очите и неретко се повредуваа.