10-те најконтроверзни филмови и серии на Нетфликс

Tiger King

Документарната серија Tiger King како да ја одбележа пандемијата бидејќи почна да се емитува во периодот кога почна и локдаунот.

Ѕвезди во серијата се одгледувачи на тигри и слични диви животни и нивните секојдневни проблеми

Серијата се соочи со критики поради неетичкото третирање на животните, но и дел од ѕвездите, а некои сметаат дека ја крие суровата реалност зад одгледувањето диви животни, како тигри.

The Crown

The Crown e инспирирана од приказната на британското кралско семејство, а дејството опфаќа неколку децении.

Почнувајќи од младоста на кралицата Елизабета, во серијата се опфатени сите големи настани од британската монархија, вклучувајќи го и бракот на Дијана и Чарлс.

Серијата важи за една од најдобрите во продукција на Нетфликс, но фановите на кралското семејство ја критикуваат бидејќи сепак си зема голема слобода за интерпретирање на она што навистина се случувало зад затворени врати.

13 Reasons Why

13 Reasons Why се прослави преку ноќ, иако важи за вознемирувачка серија.

Главниот лик е средношколка која извршува самоубиство. Таа е и нараторот на серијата и раскажува кои се 13-те причини кои ја натерале да посегне по својот живот.

Серијата беше критикувана бидејќи лошо ја има обрабено темата самоубиство и на моменти како да ја „гламуризира“. Имаше критики и за некои од вознемирувачките сцени, за кои Нетфликс првично немаше ставено предупредување.

Wild Wild Country

Документарната серија Wild Wild Country ја раскажува лудата приказна за Ошо – познатиот мистик и духовен учител кој имаше следбеници низ целиот свет.

Серијата ги опфаќа најконтроверзните мигови од животот на гуруто, кога неговата организација почнала да наликува на секта.

Документарецот беше критикуван бидејќи премногу се фокусирал на надворешните конфликти, наместо на она што се случувало во самиот култ, вклучувајќи ги и гласините за малтретирање на следбениците.

Monster: The Jeffrey Dahmer Story

Уште еден сериски убиец на листата – серијата Monster: The Jeffrey Dahmer Story е инспирирана од Џефри Дамер.

Дејството го опфаќа речиси целиот негов живот – од детството и првите убиства, па сè до неговото апсење. И, може да биде навистина тешка за гледање.

Иако беше мошне популарна, серијата се соочи со критики дека ги занемарува жртвите на убиецот, но и дека ги експлоатира страдањата на нивните семејства за профит.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Смртни закани, актери даваат отказ: Зошто серијата Harry Potter се соочува со толку многу контроверз... Актерот што го глуми Снејп добива смртни закани бидејќи е црн, додека ликот во к...
10 премиери и нови сезони на серии до крајот на лето 2026 Римејк на морничавиот Cape Fear од 1991-ва, адаптација на популарната Lord of th...
Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
Забавни и непријатни моменти од Оскари 2026 + најсмешните твитови за настанот Леонардо ди Каприо беше прогласен за „крал на мемињата“. Тимоти Шаламе беше мета...
Гол маж на сцената, легендарната шлаканица: Најконтроверзните моменти на Оскарите низ историјата Во 1973-та, Марлон Брандо одби да си ја земе статуетката, следната година гол ма...

Најчитани неделава