10 култни празнични филмови (кои вреди да ги изгледате 100-ти пат)

Нормално, прв на листата е Home Alone, но овде се и Elf, A Christmas Story, па и релативно новиот Klaus кои ја прават празничната сезона уште поволшебна.

10-kultni-filmovi-so-koi-mozhete-da-ja-pochnete-praznichnata-sezona01.jpg

Украсувањето на домовите веќе е во полн ек, што значи почна периодот и на празнични филмови.

А, во оваа категорија, сепак ништо не ги заменува оние култните, што ни се гледани по стопати.

10 култни филмови со кои можете да ја почнете празничната сезона:

Home Alone

Нормално, листата почнува со филмот што ја одбележува секоја празнична сезона повеќе од три децении.

Веруваме дека дејството ви е добро познато – осумгодишниот Кевин случајно останува сам дома, додека целото негово семејство оди во Париз за Божиќ.

Но, огромната празна куќа на Кевин станува мета на двајца крадци, па тој пробува да ја одбрани.

Elf

Главниот лик е Бади, маж кој пораснал на Северниот Пол со џуџињата на Дедо Мраз.

Откако открива дека тој не е џуџе, туку човек, тргнува на пат кон Њујорк со надеж дека ќе го запознае својот биолошки татко.

A Christmas Story

Иако е од 1980-тите, A Christmas Story останува еден од филмовите кои најдобро ја доловуваат празничната магија.

Главниот лик е деветгодишниот Ралфи кој за Божиќ сака да добие мала воздушна пушка.

Па, си дава за цел да ги убеди родителите, но и Дедо Мраз дека навистина ја заслужува.

How the Grinch Stole Christmas

Со Џим Кери во главна улога, How the Grinch Stole Christmas е снимен според приказната на Доктор Сус.

Во близина на гратче каде сите жители едвај го чекаат Божиќ, живее чудовиштето Гринч.

Тој ги презира и жителите, и празникот, и сака да го уништи Божиќ за сите.

The Polar Express

Иако денес добива по некоја критика за по малку чудната анимација, The Polar Express сепак се вбројува меѓу омилените празнични филмови.

На Божиќ, пред домот на дете кое се сомнева во постоењето на Дедо Мраз, застанува волшебен воз.

Иако се двоуми, детето сепак се качува во возот и тргнува на пат кон Северниот Пол за да го сретне Дедо Мраз.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
10 романтични серии на Нетфликс, совршени за во лето Summertime која ќе направи да се чувствувате како да сте на Јадранското Море во ...
10 филмови што секоја интелигентна личност треба да ги изгледа The Machinist со Кристијан Бејл, Bridge of Spies со Том Хенкс или, пак, рускиот ...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...
Забавни и непријатни моменти од Оскари 2026 + најсмешните твитови за настанот Леонардо ди Каприо беше прогласен за „крал на мемињата“. Тимоти Шаламе беше мета...
10 нови серии од 2026-та кои ја освоија публиката Комедија, драма, трилер, па и хорор – иако сме само во вториот месец од новата г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg