10 култни празнични филмови (кои вреди да ги изгледате 100-ти пат)

The Santa Clause

The Santa Clause нуди мошне забавен пристап кон приказната за Дедо Мраз.

Главниот лик е маж кој по смртта на Дедо Мраз, несвесно се согласува тој да биде новиот Дедо Мраз.

Па, покрај досегашните обврски, сега мора да се справи со новата улога, но и да ја скрие својата тајна од поранешната сопруга.

The Holiday

Иако Love Actually е романтичната комедија што се поврзува со празничната сезона, за многумина, The Holiday е подобар избор.

Главните ликови се две жени од различни држави кои одлучуваат да си ги заменат домовите за празничната сезона, за да избегаат од своите љубовни проблеми.

Но, и двете паѓаат на шармот на двајца локалци.

Planes, Trains and Automobiles

Ако само сакате филм кој ќе ве стопли, тогаш гледајте го Planes, Trains and Automobiles.

Нил Пејџ е маж кој пробува да стигне дома навреме за Денот на благодарноста.

Но, откако летот му е откажан, тргнува на непланирана авантура со маж кој сака да му помогне да стигне дома.

Scrooged

Со Бил Муреј во главната улога, Scrooged е забавна адаптација на „Божиќна приказна“ од Чарлс Дикенс.

Главниот лик е алчен телевизиски продуцент кој нема обѕир за никој, дури ни во празничната сезона.

Но, на Божиќ го посетуваат духовите на минатото, сегашноста и иднината кои пробуваат да го променат.

Klaus

Еден од поновите филмови на листата кој стана омилен за празничната сезона веднаш по премиерата.

Klaus е анимиран филм за поштар кој е испратен да работи во оддалечено гратче.

Овде се зближува со мистериозен осамен старец кој изработува играчки.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...
Забавни и непријатни моменти од Оскари 2026 + најсмешните твитови за настанот Леонардо ди Каприо беше прогласен за „крал на мемињата“. Тимоти Шаламе беше мета...
10 нови серии од 2026-та кои ја освоија публиката Комедија, драма, трилер, па и хорор – иако сме само во вториот месец од новата г...
Смртни закани, актери даваат отказ: Зошто серијата Harry Potter се соочува со толку многу контроверз... Актерот што го глуми Снејп добива смртни закани бидејќи е црн, додека ликот во к...
Гол маж на сцената, легендарната шлаканица: Најконтроверзните моменти на Оскарите низ историјата Во 1973-та, Марлон Брандо одби да си ја земе статуетката, следната година гол ма...

Најчитани неделава