Како изгледаат актерите од хит-серијалот „High School Musical“ 20 години подоцна? (фото)
Се сеќавате ли на тинејџерскиот хит филмски серијал „High School Musical“ со Зак Ефрон во кој тогаш сите беа вљубени, Ванеса Хаџенс и Ешли Тисдејл? Поминаа 20 години оттогаш... како изгледаат денес актерите?

Во 2006 излезе мјузиклот „High School Musical“ кој стана вистински хит помеѓу миленијалците во тој период.
Главни улоги беа Зак Ефрон како Трој Болтон, средношколска кошаркарска ѕвезда со скриена љубов кон театарот и Ванеса Хаџенс како Габриела Монтез, срамежлива ученичка која има пасија за пеење.

Филмот имаше три дела, а освен публиката, и актерската екипа има убави спомени од тој период, како што потврди Ефрон во изјава во 2023:
„Актереската екипа и луѓето што го правеа филмот, беа посебни. До денешен ден, тоа ми е можеби едно од најзабавните искуства во животот. Тој филм ми смени многу“.
Па, како изгледаат актерите 20 години подоцна?
Зак Ефрон како Трој Болтон

Ванеса Хаџенс како Габриела Монтез

Корбин Блу како Чед Данфорт

Ешли Тисдејл како Шарпеј Еванс

