На Гораст Цветковски конечно му се исполни желбата да биде панталони: Зад сцената на снимањето на гласовите за „Лефти и Рајти“
Како изгледа кога актерите не се пред камера, туку пред микрофон, а сепак глумат со целото тело? Во ексклузивната фотогалерија ѕиркаме зад сцената од снимањето на гласовите за краткометражниот анимиран филм „Лефти и Рајти“.

Лефти зборува со гласот на Јелена Јованова, а Рајти со гласот на Гораст Цветковски.
Ева Скендеровска е Дреска, Изабела Јакимова е Јакната Јасна, а Тања Кочовска е нараторката.

Кога беше објавено дека ќе му го позајми гласот на Рајти, Гораст откри дека има две необични актерски желби.
„Како актер, во мојата досегашна кариера сум бил сѐ и сешто, но имам две работи кои посебно посакувам да ги изиграм. Едната е принц, а другата е панталони. И ете, 50% ќе ми се исполнат набрзо.“

Сега веќе можеме да кажеме дека едната желба официјално му се исполни.
Посебно внимание привлече Гораст Цветковски, кој за снимањето се појави во панталони како оние на Рајти.

Кога веќе му го позајмуваш гласот, мора и стајлингот да биде на место.
Фотографиите откриваат дека снимањето гласови не значи само читање текст пред микрофон.

За ликовите да звучат живо и уверливо, актерите користат изрази на лицето, движења и многу енергија, иако публиката на крајот ќе ги слушне само нивните гласови.
Во снимањето учествуваа и сестрите Јана и Миа Велеви и Александар Георгиевски како статисти.

Погледнете дел од атмосферата во студиото и како актерите ги оживеаја ликовите од „Лефти и Рајти“.
Проектот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и Хрватскиот аудиовизуелен центар (HAVC).
Погледнете повеќе фотографии:












Фотографии: Славјан Стојанов