Корејски филм за демони стана вирален хит - децата се опседнати, Новак Ѓоковиќ танцуваше во тој стил
„Танцот беше за Тара. Во прашање е песната ‘Soda Pop’ која е глобално популарна кај децата и тинејџерите. Дома правиме различни кореографии, а оваа е една од нив“ - рече Ноле, откако по победата на УС Опен танцуваше на кореографија за песната Soda Pop.

Поранешниот светски број 1, Новак Ѓоковиќ, на 38 години и понатаму е активен на тениските терени и руши рекорди.
На 02.09 тој се пласираше во полуфиналето на УС Опен и со тоа стана најстариот тенисер кој во една сезона стигнал до сите 4 полуфиналиња на четирите Гренд слеми.
Победата против Тејлор Фриц, тој ја прослави со вирален танц од популарниот анимиран филм Demon Hunters, а кореографијата ја учел од неговата ќерка Тара.

Всушност, со танцот, Новак ѝ го и честиташе роденденот на Тара, која дента полнеше 8 години, но не е во Америка со својот татко.
Во говорот по победата, Ноле кажа дека неговата ќерка ја обожава песната Soda Pop, па ќе чека таа да го оцени неговиот танц.
„Танцот на крајот од мечот беше за Тара. Во прашање е песната ‘Soda Pop’ која е глобално популарна кај децата и тинејџерите.
Дома правиме различни кореографии, а ова е една од нив. Се надевам дека ќе ја насмеам кога ќе се разбуди утре наутро“, рече Новак.
Кој е корејскиот анимиран филм по кој „полудеа“ децата од целиот свет?
KPop Demon Hunters е анимиран мјузикл кој се прикажува на Нетфликс.
Девојките од K-поп групата Huntr/x водат двоен живот - освен што се музички ѕвезди, тие тајно ловат демони. И честопати се соочуваат со ривалскиот бој бенд, Saja Boys, чии членови, се всушност - демони.

Идејата за филмот настанала од желбата на режисерката Меги Канг да креира приказна инспирирана од корејската традиција и наследство, митологија, демонологија и популарната корејска музика, позната како К-поп и сета тоа да го спои во една забавна приказна.

Во минатото, демоните ги демнеле луѓето, ги ловеле и нивните души ги давале како жртва на владетелот Гуи-ма.
По долго време, три жени станале ловци на демони и ги затворале демоните со помош на волшебна бариера наречена Honmoon.

Нивната мисија се пренесувала со генерации, а сега, нови три девојки се во потрага по последните демони, со што ќе ги протераат засекогаш од светот и далеку од луѓето.
И музиката од филмот е популарна меѓу младите, но меѓу песните се одвојува Soda Pop и нејзината кореографија, која е вирална на социјалните мрежи.

Погледнете го танцот на Новак:
Видео од популарниот Soda Pop танц:
А. Ј. | Црнобело
