Маја Кикириткова покажа каква опрема имаат на кампување – кровен шатор на автомобил, мини кујна, софа за одмор (видео)
- Детали
- вторник, 30 јуни 2026
„Годинава со друштво, направивме мал апартман со дневна, кујна со трепезарија и два кровни шатори кои се „спални соби”. Постојано истите прашања, како можете да спиете во шатор над кола, како можете постојано да готвите и да миете садови?! Не можам да објаснам дека ова за мене е уживање, без брзање да стигнам на појадок, ручек, вечера. Без dresscode, 24h во купачи“ - пишува Маја Кикириткова до видеото на кое покажа како им изгледа кампувањето.

Во последниве неколку години, Маја Кикириткова заедно со семејството одат на кампување во текот на летото.
Годинава, исто како и минатата, заминаа на одмор во кампот Полари во Хрватска, кој се наоѓа во мирно заливче, јужно од Ровињ.
Лани Маја за CRNOBELO.com детално раскажа како им поминал одморот во кампот од кој беше воодушевена.
Сега таа на Инстаграм сподели видео од сезонава, со кое покажа како им изгледа „сместувањето“ кое сами си го направиле.
Тие кампуваат со кровен шатор на автомобил, возилото им е преполно со секакви реквизити, а таму целото семејство ужива во комфорот, но и атмосферата која си ја создаваат со уредувањето.
Во описот на видеото Маја напиша:
„Не секој е за овој спорт.
Кој знае – знае.
Кампувањето е љубов на прв поглед, еднаш ќе пробаш и не сакаш да престане. Годинава со друштво, направивме мал апартман со дневна, кујна со трепезарија и два кровни шатори кои се „спални соби”.

Постојано истите прашања, како можете да спиете во шатор над кола, како можете постојано да готвите и да миете садови?! Зарем одмор не е да одморам, да не го правам тоа што го правам секој ден?!
Не можам да објаснам дека ова за мене е уживање, без брзање да стигнам на појадок, ручек, вечера. Без dresscode, 24h во купачи.

Гледањето на зајдисонцето и станувањето пред зора не може да се купи со ниедни пари. Никогаш не сум била кампер, ниту сум камперско дете, но последните неколку години го пронајдов вистинскиот одмор за мене и моето семејство.
И кога децата ќе ги прашаме дали сакаат одмор во хотел или на камп, секогаш одговорот е второто.
Годинава исто како и лани, во кампот Полари во Ровињ“.

Погледнете го видеото:
М. М. | Црнобело