Во чест на Владо Јаневски, утре ќе има собир пред арената „Борис Трајковски“: „Да го испратиме со песна и љубов“
- Детали
- понеделник, 29 јуни 2026
„Нека неговите песни одекнат уште еднаш, нека светлината од свеќите биде нашето „благодарам“, а нашето присуство доказ дека големите уметници никогаш не се забораваат. Да го испратиме достоинствено. Со песна. Со тишина. Со љубов“, стои во поканата од Прагма продукција до сите фанови на Владо Јаневски.

„Прагма продукција“, која стои зад многу концерти на Владо Јаневски, утревечер (30.06) пред арената „Борис Трајковски“ организира собир за сите фанови на починатиот кантавтор, кој почина на 65-годишна возраст.
Со ова, тие уште еднаш сакаат да му се заблагодарат за годините поминати на сцената, за песните кои никогаш нема да умрат, за емоцијата што знаеше да ја извлече од секој од нас.
Во нивниот повик до фановите на Владо, пишува:
„Во чест на Владо Јаневски, утре, во 20:00 часот, на платото пред арена Борис Трајковски ќе се собереме за последен пат да му оддадеме почит на Владо Јаневски.
Нека неговите песни одекнат уште еднаш, нека светлината од свеќите биде нашето „благодарам“, а нашето присуство доказ дека големите уметници никогаш не се забораваат.
Ги повикуваме сите што го сакаа, почитуваа и растеа со неговата музика да ни се придружат.
Да го испратиме достоинствено. Со песна. Со тишина. Со љубов.
Затоа што легендите никогаш не умираат. Тие засекогаш остануваат во срцата на својот народ“.
А. Ј. | Црнобело