Елена Ристеска неутешна по смртта на Владо Јаневски: „Ќе ми недостигаш таков терсене каков што беше“

„Иако се видовме на кафе пред неколку месеци, пак останавме недоречени, ама договорени да се доискажеме на следна средба која очигледно нема никогаш да се случи. Ќе ми недостига хуморот кој ретко го прикажуваше пред други“, вели Елена во својата емотивна порака. 

FotoJet.jpg

Заминувањето на Владо Јаневски во вечноста допре многу негови колеги. Дел од нив знаеле за болеста на познатиот музичар, други, пак, беа изненадени од веста дека починал, но сите со многу тага и емоции се простуваат од човекот кој ги напиша и испеа едни од најубавите и најемотивни љубовни песни кај нас, кого но нарекуваа Чаирскиот романтичар (а во интервју за CRNOBELO.com призна дека не го љубел многу овој епитет, но ете, му останал за цел живот).

Зад него ќе останат многу песни, хитови, многу анегдоти кои ќе ги раскажуваат неговите блиски луѓе, но и многу тага што почина прерано, на само 65 години.

Меѓу оние кои со многу емоции се простија од Владо е и Елена Ристеска, а таа, еден ден по смртта „му призна“ дека омилена песа како дете ѝ била „Корпичка“ - нешто што никогаш не му го кажала додека бил жив.

elena-risteska-neuteshna-po-smrtta-na-vlado-janevski-kje-mi-nedostigash-takov-tersene-kakov-shto-beshe-02.jpg

Во нејзината објава пишува:

„Ќе ми недостигаш Владе, ќе ми недостигаат нашите разговори за книги и автори, за музика, за животот, за нашата професија, нашите дружби…

Ќе ми недостигаш таков терсене каков што беше и баш заради тоа уникатен.

Ќе ми недостига хуморот кој ретко го прикажуваше пред други.

elena-risteska-neuteshna-po-smrtta-na-vlado-janevski-kje-mi-nedostigash-takov-tersene-kakov-shto-beshe-04_copy.jpg

Иако се видовме на кафе пред неколку месеци, пак останавме недоречени, ама договорени да се доискажеме на следна средба која очигледно нема никогаш да се случи.

Фала ти за сѐ, за секој совет, за секој збор и мудрост, за секоја средба, за секоја книга споделена, за секоја песна…

И која песна да ја ставам сега кога секој текст ти е генијален и совршен… Можеби „Булки“ е правата за овој момент.

elena-risteska-neuteshna-po-smrtta-na-vlado-janevski-kje-mi-nedostigash-takov-tersene-kakov-shto-beshe-03.jpg

За жал многу музичари се собравте на таа страна, а многу болка оставивте на оваа…

Ах Владе... многу брзо замина, без збогување.

П.С. Никогаш не ти споделив дека како дете “Корпичка” ми беше омилена песна“.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Најдоски ужива со сопругот во Пуља - На вечера во ресторан со Мишелин ѕвезда, марама Dior, јах... Од марама Dior во комбинација со бели очила и мини фустан за пловидбата со јахта...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Елена Ристеска скршена од болка: „Ах бре Пане, не стигнав да ти кажам колку те сакам, а си замина“ „Не знаев дека волку ќе боли како за роден брат! Ми беше брат кој никогаш го нем...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...
Елена Ристеска прослави 40-ти роденден – блескаше во бел аутфит, Антониа и Весна Бејби пееја, па дув... Антониа Гиговска пее со Роки од бендот на Тоше, Весна Петрушевска пееше песна од...

Најчитани неделава