Елена Ристеска прослави 40-ти роденден – блескаше во бел аутфит, Антониа и Весна Бејби пееја, па дувна свеќички
- Детали
- четврток, 07 мај 2026
Танцуваа на кореографијата од „100% те љубам“, Антониа Гиговска пее со Роки од бендот на Тоше, Весна Петрушевска испеа песна од нашиот ангел, а славеничката Елена, која блескаше во бело, отпеа повеќе свои нови и стари хитови, меѓу кои и „Нинанајна“ - Елена Ристеска направи забава за паметење за 40-тиот роденден, со декорации со многу балони, панделки и бројот 40 насекаде.

Елена Ристеска вчера го прослави својот 40-ти роденден и направи незаборавна забава за своите најблиски роднини, пријатели, колеги и соработници.
На прославата, славеничката беше облечена во мини бел аутфит искомбиниран со црвен кармин, во согласност со декорацијата.

Просторот беше украсен со црвени балони и панделки, декорација со бројот 40, а тортата на која дувни свеќички беше по последните трендови, бели форми со 4 и 0, декорирани со малини.

Прекрасната пејачка блеска од среќа на роденденот, а за забавата се погрижија голем дел од музичарите кои беа присутни на настанот.
Самата таа запеа свои понови и постари хитови, но за микрофонот се фати и Антониа Гиговска со Роки од бендот на Тоше, како и Весна Петрушевска која пееше песна од нашиот ангел.

Во еден момент дел од гостите, меѓу кои Антониа и Даниел Николовски, заедно со Елена, танцуваа на препознатливата кореографија на песната „100% те љубам“ od XXL, а гостите ги забавуваше и диџеј Мац.

Погледнете повеќе фотки и видеа од забавата:







М. М. | Црнобело