„Најубавото девојче на светот“ се омажи во Париз – пристигнаа со ретро Porsche, фризура со маргаритки, поглед кон Ајфелова кула
- Детали
- вторник, 30 јуни 2026
Тилан Блондо, позната како најубавото девојче на светот, се омажи во Париз со саканиот кој ја запроси во Атина - пристигнаа со ретро модел на Porsche, блескаат од љубов додека се потпишуваат, а невестата изгледа прекрасно во венчаница, со фризура украсена со маргаритки.

Тилан Блондо, францускиот модел што се прослави уште како дете со своето лице со уникатни и убави црти, заради кое беше прогласена за „најубаво девојче на светот“, се омажи.

Девојчето кое прерасна во прекрасна убавица, стапи во граѓански брак со саканиот Бенџамин Атал, кој во март годинава ја запроси во Атина со свршенички прстен од 40.000 евра.
Венчавката се случи во Париз, направија фотосесија со поглед кон Ајфелова кула, а невестата објави неколку фотки од подготовките и од финалниот резултат на својот изглед.


Таа е облечена во едноставен, но впечатлив невестински фустан на Eva Bouskila, носи бидермаер од кали, а косата ѝ е украсена со бели маргаритки.


До матично со саканиот пристигнаа сами, со ретро класичен модел на Porsche автомобил, а двајцата изгледаат среќно и вљубено додека го кажуваат судбоносното ДА и се потпишуваат.
Уште неколку фотки од свадбата:





М. М. | Црнобело