Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата
- Детали
- вторник, 30 септември 2025
„Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осудувачките коментари, додека таткото се брани „Безбедноста на децата е секогаш наш приоритет“. Што мислите за овој потег?

Американско семејство познато како „The Bucket List Family“ на Инстаграм е семејство кое обожава патувања и кое своите авантури ги споделува јавно.
Но, сега таткото Гарет Џи со видео од нивниот летен одмор, каде го фрла синот од карпа, поттикна дебата.
Инаку, Гарет и сопругата Џесика имаат 3 деца, две ќерки и син, кој е најмладиот член на семејството.

Гарет предизвика дебата кога го фрли најмалото дете, синот Кали Џи, од карпа во езеро.
Тоа го направил бидејќи 7-годишното момче се двоумело дали да скокне.
Некои од коментарите на социјалните мрежи се сурови и гласат:
„Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“.

Сепак, на ова Герет вели дека сите кои ги следат на Инстаграм знаат колку тој и сопругата се внимателни и грижливи кон децата.
Тој се огласи на Инстаграм и вели:
„Безбедноста е секогаш приоритет
Се гледа колку луѓе немале можност нивните родители да ги охрабрат да пробаат нови работи и останале во рамките на зоната на комфорот.
Откако луѓето споделија дека биле вознемирени и исплашени од моето видео, помислив дека би сакал да одам со нив во авантура и да им помогнам да пробаат нешто ново“.
Во описот на спорното видео, Гарет потенцираше дека им советува на другите да не го прават тоа дома.

Тој вели:
„Секое од нашите деца е различно, па начинот на кој воспитуваме, дисциплинираме и учиме како да се скока од карпа се разликува.
Прв приоритет ни е безбедноста. Втор е учењето дека можете да правите тешки работи. Трет е ЗАБАВАТА...
Го однесовме нашиот најмлад син на висина на карпа за која знаевме дека е безбедна.
Најголемата опасност всушност би била ако се двоумеше, да не скокнеше доволно далеку и да паднеше на карпата, па, токму затоа, за да бидеме дополнително безбедни, бидејќи сакаше да скокне, но не чувствуваше самодоверба... јас го фрлив“.
Погледнете го видеото кое ги подели мислењата (кликнете на него):
С. С. | Црнобело
