Мислењата поделени: Забрана за деца во некои вагони во возови во Франција - за да не го рушат мирот
- Детали
- четврток, 29 јануари 2026
„Откако стана прифатливо родителите да не ги контролираат своите деца, тогаш да, се согласувам да има делови во возови и авиони каде ќе биде забранет пристап за деца“, е еден од коментарите, додека други се шокирани од овaa oдлука. Што мислите вие?

Францускиот државен железнички оператор SNCF воведе ново правило да има вагони во возовите каде што на деца под 12 години им е забранет пристап.
Ова се прави за да се обезбеди потивок простор за деловни патници и возрасни патници кои сакаат да се релаксираат.

Оваа одлука предизвика поделени реакции во јавноста и медиумите, и додека некои луѓе ја поздравуваат идејата за тивок простор, други ја критикуваат како дискриминаторска или непријателска кон семејствата со деца.
Инаку, новите „Optimum“ или премиум‑класа вагони во Франција се дизајнирани да бидат простор без деца во работни денови.

Децата под 12 години не можат да седат во таа специфична класа, но можат да патуваат во другите вагони од истиот воз.
Железничкиот оператор SNCF во Франција истакнува дека оваа опција опфаќа само мал дел од вкупниот капацитет на возот (околу 8%) и дека сите други вагони остануваат отворени за сите возрасни групи.

Значи дека 92% од седиштата во текот на работните денови и 100% во викендите се отворени за сите.
Но, концептот на „патување без деца“ веќе подолго време кружи како идеја на интернет, а некои корисници на социјалните мрежи повикуваат авио-компаниите да воведат „летови само за возрасни“.

Дел од коментарите на социјалните мрежи се:
„Наместо ова, подобро е да си направи адаптирање на вагони за семејства, обезбедување игралишта или олеснување на патувањето за оние со деца“.
„Јас немам и не сакам да имам деца, но тие се дел од општеството и ако младите семејства се изолираат од нас, како децата ќе научат да се однесуваат во јавност?“

„Штотуку се вратив од викенд со мојот постар син и тој беше многу покултурен патник од многу возрасни што ги сретнавме во возот“.
„Откако стана прифатливо родителите да не ги контролираат своите деца, тогаш да, се согласувам со делови во возови и авиони каде ќе биде забранет пристап за деца“.

„Апсолутно, нема ништо полошо од бебе што плаче цел пат или тодлер што прави драма“.
„Ако патувањето е долго и знам дека ќе бидам многу уморна, можеби би платила повеќе за да патувам во вагон без деца“.
Кој е вашиот став?
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com
