ПроКредит Банка Македонија им го овозможува Apple Pay на своите клиенти

Побезбеден, посигурен и целосно приватен начин на плаќање со iPhone и Apple Watch.

prokredit-banka-makedonija-im-go-ovozmozhuva-apple-pay-na-svoite-klienti-01.jpg

Скопје, јуни 2026 - ПроКредит Банка Македонија со задоволство објавува дека Apple Pay од денес е достапен за своите клиенти. Со Apple Pay, клиентите можат брзо, безбедно и едноставно да плаќаат со својот iPhone, Apple Watch, iPad или Mac. ПроКредит Банка го прави Apple Pay достапен за своите клиенти како побезбеден, посигурен и целосно приватен начин на плаќање, кој им овозможува на клиентите да избегнат предавање на платежната картичка на друго лице, допирање на физички копчиња или размена на готовина, користејќи ја моќта на iPhone за заштита на секоја трансакција.

Клиентите едноставно го доближуваат својот iPhone или Apple Watch уред до наплатниот терминал за да извршат бесконтактно плаќање. Секоја трансакција со Apple Pay е безбедна бидејќи пред истата да се реализира се врши потврда со Face ID, Touch ID или лозинка на уредот, како и со еднократен, уникатен динамичен безбедносен код. Apple Pay е прифатен во продавници за храна, аптеки, такси превоз, ресторани, кафулиња, малопродажни објекти и на многу други места.

„Најдобрите дигитални решенија се оние што клиентите речиси и не ги забележуваат, затоа што едноставно функционираат. Со Apple Pay им овозможуваме на клиентите да плаќаат брзо, безбедно и едноставно, користејќи го уредот што веќе го имаат со себе секој ден. Нашата цел е секојдневните работи да одземаат помалку време и помалку внимание, за клиентите да можат да се фокусираат на она што им е навистина важно“, изјави Стевче Кузмановски, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка Македонија.

Клиентите можат да ја користат Apple Pay платежната опција и на iPhone, iPad и Mac за побрзи и поедноставни купувања преку мобилни апликации или на интернет преку Safari пребарувачот, без потреба од креирање кориснички сметки или постојано внесување податоци за наплата и испорака. Apple Pay го олеснува плаќањето при достава на храна и намирници, онлајн купување, транспорт и паркинг, меѓу другото. Apple Pay може да се користи и за плаќања извршени во рамки на мобилни апликации преку Apple Watch.

„Со задоволство ја поддржуваме ПроКредит Банка во лансирањето на Apple Pay. Преку ова партнерство, секојдневните плаќања за корисниците низ Македонија стануваат поедноставни, побезбедни и во согласност со глобалните стандарди на Mастеркард“, изјави Вања Манова, одговорен менаџер за регионот од Мастеркард.

Безбедноста и приватноста се клучни принципи за функционирањето на Apple Pay. Кога клиентите користат кредитна или дебитна картичка со Apple Pay, броевите на картичката не се зачувуваат ниту на уредот ниту на серверите на Apple. Наместо тоа, се доделува единствен број на сметка на уред (Device Account Number), кој е шифриран и безбедно зачуван во Secure Element - сертифициран чип според индустриски стандарди, наменет за безбедно чување на платежни информации на уредот.

Apple Pay е лесен за поставување. На iPhone, доволно е да се отвори апликацијата Wallet, да се допре копчето „+“ и да се следат чекорите за додавање кредитна или дебитна картичка од ПроКредит Банка Македонија. Откако картичката ќе се додаде на iPhone, Apple Watch, iPad или Mac, Apple Pay може веднаш да се користи на тој уред. Клиентите ќе продолжат да ги добиваат сите придобивки што ги нудат картичките на ПроКредит Банка Македонија.

За повеќе информации за Apple Pay, посетете го сајтот: ТУКА
За повеќе информации за ПроКредит Банка Македонија, посетете го сајтот: ТУКА.

Најчитани неделава