Дете во Америка починало од дебелина – на 7 години имало 115kg, родителите се обвинети за убиство
- Детали
- вторник, 30 јуни 2026
Седумгодишниот Каспер Обрајан имал дури 115 килограми кога починал. Тој имал и аутизам, но неговите родители, наместо да му пружат соодветна медицинска нега, го занемарувале и го хранеле главно со чипс и помфрит. Поради дебелината, детето имал проширено срце и низа други здравствени проблеми, па сега на неговите родители им се заканува доживотна казна затвор.

Минатата година, детенце од Мичиген, САД почина од дебелина бидејќи на само седумгодишна возраст тежело 115 килограми.
Во случајот, кој некои го нарекуваат и прв од овој тип во Америка, неговите родители беа обвинети за убиство бидејќи не се грижеле за детето.
Седумгодишниот Каспер Обрајан починал на 4-ти ноември минатата година. Неговите родители, Дамиен и Џесика Обрајан, повикале брза помош бидејќи детето не дишело.
Кога болничарите пристигнале, воочиле дека детето не можело да стане од кревет поради дебелината.
Подоцна аутопсијата покажала дека причина за смртта била неговото проширено и ослабено срце – проблем кој настанал како резултат на прекумерната тежина.
Родителите не воделе апсолутно никаква грижа за него. Малиот Каспер не бил запишан на училиште, му давале само нездрава храна и не барале никаква медицинска помош без разлика што тој страдал од потешка форма на аутизам.
„Ова е тажен и ужасен случај кој вклучува целосно занемарување на негата и медицинските потреби од страна на двајцата родители.
Поради нивото запоставување, детето страдало од низа физички проблеми“, гласи изјавата на обвинителот кој бил дел од случајот.
Сега родителите се соочуваат со обвиненија за убиство, но и измачување, а и на двајцата им се заканува доживотна казна затвор.
По трагичната смрт на детето, надлежните утврдиле дека тоа живеело во ужасни услови. Неговите биле луѓе кои компулсивно собирале предмети, па нивниот дом бил натрупан и хаотичен до тој степен, што медицинските лица едвај се движеле внатре.
Во истиот дом живеел и чичкото на починатото дете, но и неговата петгодишна сестра.
Според официјалниот извештај, домот би одвратен и насекаде имало купишта ѓубре.
Родителите ја запоставувале и хигиената на нивниот починат син – поради неговата ментална состојба детето се плашело од вода.
Но, наместо да побараат соодветна помош, тие го чистеле во влажни марамчиња.
Надлежните споделуваат дека таткото на детенцето имал здравствено осигурување, но сепак не барал медицинска помош за син му.
Тој последен пат бил однесен кај неговиот матичен лекар во февруари 2024 година, кога бил дијагностициран со кашлица, проблеми со грлото и проблеми со метаболизмот.
За време на последниот преглед, детето имало 47 килограми, а ова покажува дека за помалку од две години, неговата килажа се зголемила за 50-тина килограми биејќи родителите главно му давале главно чипс и помфрит за јадење.
Уште потажно е што и сестрата на починатиот Каспер била во слична состојба – хигиената на петгодишното девојче била занемарена, а и тоа се соочувало со дебелина.
Моментално девојчето е згрижено во дом, додека неговите родители ќе одговараат и за нејзиното запоставување.
Што се однесува до чичкото на децата, засега не е обвинет за ништо.
Целото семејство живеело во куќата под кирија, но сопственикот изјавил дека немал влезено внатре откако се вселиле.
Секој месец му ја оставале киријата пред влезната врата, па ни тој не бил свесен за хоророт што се случувало во куќата.
Според главниот обвинител, кој има 22 години искуство, ова е веројатно првиот ваков случај во Америка и вели дека самиот не се соочил со ништо слично.
„Само кога ќе помислите дека сте виделе сè, се случува нешто вакво“, споделува тој.
Дебелината веќе претставува здравствен ризик не само во САД, туку во многу земи во светот, а загрижувачки е фактот што и сè повеќе мали деца се соочуваат со овој проблем.
Кај децата, дебелината најчесто е резултат на нездрава исхрана и недоволна физичка активност, а може да им создаде проблеми со здравјето уште тогаш.
Иако случајот со седумгодишниот Каспер е екстрем, важно е родителите да им помогнат на децата да стекнат здрави навики уште во детството.
Нивна задача е да им обезбедат здрави и балансирани оброци, но и да се погрижат дека детето ќе биде доволно физички активно и нема целиот ден да го минува пред компјутер или на телефон.
Спирова С. | Црнобело