„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не знам зошто ме критикуваат“
- Детали
- вторник, 12 август 2025
Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полесно ѝ било да зема пари од државата отколку да работи. Штом се дозна дека со овие пари си купила куќа, направила операција на градите, па дури си купила и коњ, јавноста почна да ја критикува.

Социјална помош нудат скоро сите земји во светот, со цел да им се помогне на луѓе кои се во тешка финансиска состојба.
Во повеќето земји, условите се исти – помошта им се дава на луѓе кои активно бараат работа или луѓе кои се вработени, но земаат многу ниска плата.
За повеќето, овие пари се неопходни за егзистенција, но постојат и луѓе кои бесрамно го злоупотребуваат ова.
Една од нив е Мери Бучан, која во родната Англија е позната и како „кралица на социјалната помош“.
43-годишната Британка околу две децении живее од социјална помош, но проблемот е што овие пари ги користи за работи кои за повеќето се луксуз.
Во 23-те години што живее од социјална помош, Мери има земено од половина милион евра од државата, а парите ги има искористено за пластична операција на градите, за да си купи куќа, па дури и коњ.
Во Британија, социјална помош добиваат и самохрани родители. Па, бидејќи е самохрана мајка, Мери нашла начин да го злоупотреби целиот систем и наместо да работи, користи социјална помош.
Таа нашла начин да добива бенефиции и по други основи, па имало периоди кога земала повеќе пари од просечен работник во Англија.
Мери има осум деца кои живеат со неа, а вели дека ѝ било многу полесно да добива социјална помош отколку да бара работа.
Очекувано, Мери се соочува со многу критики од јавноста, па за Daily Mail неодамна откри дека се пријавила во агенција за вработување. Но, сфатила дека сега е веќе многу стара да работи.
„Во минатото имам работено како негувателка и помислив дека можеби пак ќе сакам да го работам тоа. Но, сега имам 43 години и сметам дека сум веќе стара за да работам.
Полесно е и помалку стресно да земам социјална помош за која знам дека имам право да ја користам!“
