14 кратки и корисни совети за намалување на прашината во домот
-->
Ставете килимче пред влезната врата – и однадвор и одвнатре – и не заборавајте да го исчистите тапацираниот мебел со правосмукалка.
Прашината е проблем што ни е добропознат на сите.
-->
Додека, за жал, невозможно е целосно да ја избегнете прашината, особено ако живеете во град, постојат некои трикови со кои ќе ја намалите.
Дел од нив во продолжение:
Ставете килимче пред влезната врата однадвор, но и одвнатре. На овој начин драстично ќе ја намалите прашината што обично ја внесуваме од надвор.
Намалете го бројот на предмети од ткаенина во просторијата. На ткаенините лесно се акумулира прашина, која потоа е потешко да ја отстраните.
Редовно менувајте ја постелнината – барем еднаш неделно. На неа лесно се собираат мртви кожни клетки кои го влошуваат проблемот со прашина.
-->
-->
Редовно чистете го просторот под креветите и другите елементи во домот. Обично ги забораваме овие места бидејќи не ги ни гледаме, но тие се совршено „дувло“ за прашина во домот.
-->
Не претерувајте со украси по полиците бидејќи ќе ви биде потешко да ги избришете. А, ако не ги бришете редовно, проблемот со прашина ќе ви се влоши.
Средете ги гардероберите – кога облеката е уредно здиплена, помала е веројатноста дека на неа ќе заврши прашина кога ќе го отворите гардероберот.
-->
Редовно метете ги теписите. Препорачливо е еднаш неделно, но ако имате многу прашина во домот, користете правосмукалката и двапати во една недела.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
Валкани штекери и уште 9 ситници поради кои домот ви изгледа неуредно во очите на гостите
Дамки од бигор на чешмата, расфрлани шминки и овенато цвеќе – постојат ситници н...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење
Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
9 работи во домот што можете да ги оштетите ако ги чистите (или перете) многу често
Можете да ја користите истата крпа и 3-4 дена ако ја закачувате на место на кое ...
Предмети во домот кои е препорачливо да ги заменувате со нови еднаш годишно
Завесата во бањата е совршено место за развој на мувла и бактерии, дури и ако ре...
Кафе, квасец: Производи во кујната што ги чуваме погрешно, па најчесто ги фрламе
Шеќер - Препорачливо е шеќерот да го купувате во ограничени количини, бидејќи е ...
Валкани предмети во домот кои сите забораваме да ги исчистиме
Фиоката од машината за перење облека, листовите на растенијата, како и вентилато...