Домаќински совети од Македонка: „Што сè чистам во мојот дом со лимон (и како)?“

„Дали знаете дека лимонот можете да го примените во чистењето на вашиот дом? Доколку правите лимонада, не ги фрлајте половинките лимон туку искористете ги! Како? Еве ги моите трикови...“, споделува Сандра Малетски.

soveti-od-makedonka-shto-se-chistam-vo-mojot-dom-so-limon-i-kako-01.jpg

Сандра Малетски од Скопје, по професија е дипломиран педагог - магистер по менаџмент на човечки ресурси, сопруга на Станислав и мајка на 3-годишната ќерка Миа.

Таа веќе неколку години со своето семејство живее во Софија.

Во нејзиниот дом преовладуваат светли бои и сѐ е во совршена хармонија. Сандра има одлични навики кога станува збор за одржување на домот, а сега на нејзиниот Инстаграм профил откри дека во ова во голема мерка ѝ помага лимонот.

View this post on Instagram

A post shared by Sandra ⋒ Home & Lifestyle (@sandramalet)

Нејзината објава, која веруваме дека ќе ви помогне и вас при чистењето:

Дали знаете дека лимонот можете да го примените во чистењето на вашиот дом? Доколку правите лимонада, не ги фрлајте половинките лимон туку искористете ги! Како? Прочитајте:

Со лимон можете да ги исчистите мaсните наслаги во кујната
- Земете половинка лимон и обилно наросете ја со сол. Со неа можете да ги чистите плочките (особено делот над плотната каде што најчесто се прават масни флеки).
Капнете лимонов сок врз дел кој сакате да го исчистите (рингла, рерна, решетка) и оставете го 5 минути да делува, а потоа додадете сода и исчистете.

Исчистете ја даската за сечкање
- Половина лимон и морска сол, протријте ја добро даската за сеќкање, а потоа исплакнете ја со вода. Лимонот освен што ќе ја исчисти, ќе го неутрализира и мирисот од кромид/лук.

soveti-od-makedonka-shto-se-chistam-vo-mojot-dom-so-limon-i-kako-02.jpg

Отстранете ги досадните флеки од бигор на чешмите
- Колку и да ги чиститите флеките, доволно е неколкупати да измиете раце и тие повторно се таму. Со половина лимон протријте ја чешмата, исплакнете и избришете со сува крпа.
Доколку има тврдокорни дамки, посипете врз лимонот и сол, исчистете со четка, па исплакнете.

Исчистете ‘рѓа
-Доколку забележите ‘рѓа, направете густа смеса (паста) од лимонов сок и сол. Нанесете на деловите кои сакате да ги исчистите и оставете да делува половина час. Потоа исплакнете со топла вода.

soveti-od-makedonka-shto-se-chistam-vo-mojot-dom-so-limon-i-kako-03.jpg

Исчистете ја микробрановата печка
- Измешајте неколку лажици лимонов сок со 300ml вода во еден сад соодветен за микробранова печка. Ставете го садот во микропечката и пуштете ја на повисока температура 5 минути. Потоа избришете ја внатрешноста со крпа. Лимонот ќе помогне да се неутрализира непријатниот мирис.

Погледнете како изгледа нејзиниот дом На гости кај Сандра Малетски во Софија: Дом на Македонка кој плени со софистицираните детали (фото)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети кои сите ги имаме дома, а се „дувло“ за инсекти Старите книги, ЛЕД сијалиците, картонските кутии и дрвените полици се рај за жив...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...
10 корисни кујнски трикови што треба да ги знаат сите домаќини и домаќинки Како да омекнете кристализиран мед, како магдоносот да ви трае подолго и како да...
Валкани штекери и уште 9 ситници поради кои домот ви изгледа неуредно во очите на гостите Дамки од бигор на чешмата, расфрлани шминки и овенато цвеќе – постојат ситници н...
Знаци дека имате мувла во домот + како да се ослободите од неа Поставете сензори за температура и влажност во вашиот дом, па користете ги да го...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg