Убав, топол и шармантен: Мал стан „спакуван“ во 45 метри квадратни

Ви претставуваме стан кој „заведува“ со добриот вкус и функционалноста, спакувани во атрактивен простор со површина од скромни 45 метри квадратни.

ubav-topol-i-sharmanten-mal-stan-koj-osvojuva-na-prv-pogled-1.jpg

Ѕидот со изложени цигли е вистинска „ѕвезда“ во ентериерот на овој дом, но целината е таа која создава чувство на гостопримливост и топлина.

Остатокот од станот е осмислен и дизајниран во неутрални и меки тонови, што овозможува нагласениот ѕид уште повеќе да се истакне.

Рустичниот шарм кој е постигнат во амбиентот е умешно споен со елементите на индустрискиот стил на уредување, а сè со цел да се добие комфорно катче за живеење, кое ќе го содржи најдоброто од двата стила.

Низ целиот стан се провлекуваат и дрвените допири, кои го облагородуваат просторот и му даваат пријатна природна нота.

Дневниот престој, кујната и трпезаријата во облик на шанк сочинуваат една отворена целина со функционален распоред и компактност кога е естетиката во прашање.

Спалната соба, пак, е светла и смирена, а во целост се надоврзува на остатокот од уредувањето.

Беспрекорно уреден дом, зар не? Погледнете ги фотографиите и инспирирајте се од идеите кои ги нуди:

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На гости кај Силвана: Стан од 72m2 во Скопје со библиотека и тиркизна гарнитура (фото) „Идејата за уредувањето на станот, како и боите ги договаравме заедно ...
На гости кај Надица: Светол стан во Скопје со шарени плочки во кујната и впечатливи парчиња мебел (ф... „Станот го уредувавме заедно со сопругот, кој по професија е архитект. Најколори...
На гости кај Васил Гарванлиев во Чикаго: „Живееме во елитна населба, куќата има 7 спални соби, базен... „Куќата во која живееме со Џејсон има 7 спални соби, од кои 2 се пренаменети во ...
На гости кај Христина: Стан во Скопје од 80m2 уреден во минималистички стил со елементи од орев „Сакавме отворен простор со многу светлина, едноставен, со класичен, минималисти...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg