Ѕирнете во гламурозниот дом на Ким Катрал: Како живее Саманта од „Сексот и градот“?

Ентериерот е олицетворение на луксуз, женственост и сексапил во нежни пудрасти нијанси, а во голема мера го отсликува карактерот на актерката, но и на ликот кој ја одбележа нејзината кариера.

dzirnete-vo-glamurozniot-dom-na-kim-katral-kako-zhivee-samanta-od-seksot-i-gradot-1_copy_copy.jpg

Славната глумица Ким Катрал, најпрепознатлива по улогата на Саманта Џонс во хит-серијата „Сексот и градот“, ги отвори вратите на својот гламурозен стан во Њујорк.

Домот на Ким се наоѓа на познатата Петта авенија, а зад неговото уредување се потпишува дизајнерот Тони Инграо од студиото „Ingrao Inc.“, чијашто цел била да го оживее „стариот гламур на Холивуд“ во просторот.

Бил конципиран како стан што ќе биде доволно голем за забави со многу гости, а истовремено интимен и удобен за престој на една особа.

Раскошните текстури на ткаенините, златните детали и парчињата светол мебел ја сочинуваат основата на ентериерот. Арт деко стилот бил главната инспирација, а за преуредување на просторот се користеле материјали од повеќе страни на светот.

Мермерните подови се увезени од Иран, Индија и Северна Ирска, каминот за дневната соба е пронајден во Лондон, а поголемиот дел од осветлувањето е купено во Париз, од каде се земени и бројни парчиња мебел и антиквитети од пазарите за стари работи.

Во аголот на дневниот престој е сместен импозантниот клавир, за кој може да се каже дека е единственииот темен елемент во стан.

За спалната соба, пак, избрана е нежно розовата боја, во комбинација со старинскиот мебел со огледала.

Како ви изгледа вам?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На гости кај Надица: Светол стан во Скопје со шарени плочки во кујната и впечатливи парчиња мебел (ф... „Станот го уредувавме заедно со сопругот, кој по професија е архитект. Најколори...
На гости кај Силвана: Стан од 72m2 во Скопје со библиотека и тиркизна гарнитура (фото) „Идејата за уредувањето на станот, како и боите ги договаравме заедно ...
На гости кај Христина: Стан во Скопје од 80m2 уреден во минималистички стил со елементи од орев „Сакавме отворен простор со многу светлина, едноставен, со класичен, минималисти...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
Во домот на Марија и Никола во Скопје: Стан во скандинавски стил со рачно изработени елементи и мура... „Кујната, спалната и детската соба, како и ТВ-комодата, па и елементите во ходни...
Во домот на семејството Јовановски: Стан од 70m2 во центарот на Битола со земјени тонови и златни де... „Во нашиот ентериер внесовме земјени тонови како песок боја, нијанси на крем, на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg