6 Собни билки за прочистување на воздухот во домот

Дали знаете дека воздухот во домот е неколку пати повеќе загаден од оној надвор?

6-sobni-bilki-za-procistuvanje-na-dmoto-1--

Сите видови на апарати за домаќинство, мебелот, тапетите, детергентите го загадуваат воздухот со токсични супстанци. Резултат од тоа е зголемено ниво на прашини и микроби, кои доведуваат до загрозување на човековото здравје, развој на алергии и респираторни заболувања.

Затоа е добро во домот да имате неколку собни билки, кои ќе го прочистат воздухот :

1. Шефлера или познато како „чадор дрво”- буквално создадено за простории во кои се пушат цигари, бидејќи оваа билка го апсорбира и неутрализира никотинот и катранот. На шефлерот му се потребни светлина и малку вода.

6-sobni-bilki-za-procistuvanje-na-dmoto-1


2. Драцена -
оваа тропска билка одлично ги филтрира токсините кои се наоѓаат во нашите домови. Билката не треба да ја изложувате директно на сонце или на промаја, бидејќи во спротивно ќе остане без своите лисја.

6-sobni-bilki-za-procistuvanje-na-dmoto-2


3. Хлорофитум -
атрактивен украс за секој прозорец и пропушта доволно светлина во домот. Оваа билка ги апсорбира издувните гасови и е неопходна за сите кои живеат на прв и втор кат.

6-sobni-bilki-za-procistuvanje-na-dmoto-3


4. Бамбус палма -
уште позната како „палмата на среќата”, важи за една од најздравите билки кои го прочистуваат воздухот во просторијата. Таа активно го влажни воздухот и ги филтрира штетните супстанции кои ги емитува пластиката.

6-sobni-bilki-za-procistuvanje-na-dmoto-4


5. Фикус -
го елиминира јаглерод моноксид од воздухот и другите штетни соединенија. Фикусот има потреба од редовно чистење на лисјата, редовно наводнување и светлина.

6-sobni-bilki-za-procistuvanje-na-dmoto-5


6. Бршлен
- шампионот во прочистување на воздухот е токму бршленот. Тој има природна способност за филтрирање на загадувањето на воздухот од многу штетни токсини, вклучувајќи го и бензенот.  

6-sobni-bilki-za-procistuvanje-na-dmoto-6

Би можело да ве интересира:

Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
5 креативни идеи како да ги изложите цртежите на вашите деца во домот Направете галерија на ѕидот или закачете ги на жица - постојат многу начини на к...
Трендови за уредување што ќе бидат хит и трендови што ќе исчезнат во 2024-та Дизајните инспирирани од природата стануваат сè популарни, додека доминацијата н...
Идеи за декорирање со кои ќе ја внесете пролетта во домот, без многу пари Свежо цвеќе, мирисливи свеќи и декортивни перници со „весели“, пролетни мотиви.....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg