Избегнувајте црвена боја во кујната и уште 3 Фенг Шуи правила за боите во вашиот дом

Кујната не треба да биде црвена, а бањата не треба да биде сина... За да бидете сигурни дека го создавате амбиентот што го сакате во вашиот дом, треба да го разгледате влијанието на боите во него според Фенг Шуи.

4 feng shui pravila za boite vovashiot dom 01

Фенг шуи со прости зборови е принцип кој тврди дека енергијата на просторот може да влијае на вашето расположение и на вашиот живот, и дека преку свесно уредување на домот можете да ја промените и да ја негувате истата. Дури и да не сте некој експерт во оваа област, сигурно сте забележале дека чекалните се обично бојадисани во сина или резеда нијанса, а ретко која дневна соба е во неон боја. 

Кога зборуваме за боите во Фенг Шуи, зборуваме за нив во контекст на петте елементи и боите поврзани со секој од нив.

Во тој контекст треба да се размислува за користење на петте шеми на бои како акупунктура во телото - тие помагаат во обновувањето и поправањето на енергијата.

Исто така треба да запомните дека нема просторија која е поважна од останатите.

Без разлика колку време поминувате во одреден дел од домот, треба да посветите подеднакво внимание на секое катче. 

Баланс во спалната

Спалната соба е наменета за одмор, подмладување и љубов.

Тука треба да користите неутрални бои како беж, крем или бела за да се балансираат машката и женската енергија.

Избегнувајте метални и рефлективни бои како златна, сребрена и бакар, како и огнени бои како црвени или пурпурни нијанси. 

4 feng shui pravila za boite vovashiot dom 02

Бања во земјени тонови

Бањата е место кое очигледно има голема поврзаност со вода.

Токму затоа, тука треба да ги избегнувате водените нијанси како сина, индиго, црна или темно сина.

Покрај тоа, бањите претставуваат отпуштање на енергија, сè што излегува од куќата излегува од бањата, па за да го забавите излегувањето на енергијата од домот, уредете ја бањата во земјени тонови. 

4 feng shui pravila za boite vovashiot dom 03

Минимум црвена боја во кујната

Бидејќи вашата кујна е место каде што често се користи топлина и оган, ќе сакате да ги избегнете боите својствени за нив.

Ако сте љубител на црвената боја, неколку детали во таа нијанса не претставуваат проблем, но имајте на ум дека премногу црвена боја во кујната може да предизвика расправии во оваа просторија. 

4 feng shui pravila za boite vovashiot dom 04

Неутрални бои насекаде

Во Фенг Шуи се претпочитаат неутралните бои за внатрешните ѕидови - беж, крем или валкано бела.

Со тоа се олеснува додавањето на други бои во миксот за да ја промените енергијата и рамнотежата.

4 feng shui pravila za boite vovashiot dom 05

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
Кај Драгана дома: Есенски украсен стан во Гостивар со тикви во сите форми и бои и суво цвеќе (фото) „Препознатливо за мене е што во мојот дом секогаш сè е украсено во зависност кој...
Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
Детали во уредувањето на бањата што треба да ги избегнувате (за да не изгледа монотоно и евтино) Плочки од подот до таванот и црни мијалници – некои ситници можат да направат ба...
5 креативни идеи како да ги изложите цртежите на вашите деца во домот Направете галерија на ѕидот или закачете ги на жица - постојат многу начини на к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg