10 трендови за уредување на домот кои или ги мразите или ги обожавате

Кога станува збор за трендот и дизајнот на внатрешното уредување во домовите, речиси секогаш следуваат полемики.

10-trendovi-za-ureduvanje-na-domot-koi-ili-gi-mrazite-ili-gi-obozhavate 01 630x330.jpg

Понекогаш дебатата е чисто естетска, односно што визуелно ќе привлече одредено око, но повремено предметите се водат и подлабоко, допираат до одредени еколошки или културни теми.

Она што некому му се допаѓа, за друг може да биде тотална катастрофа.

Така, во продолжение ви издвојуваме 10 трендови за уредување на домот кои или ги мразите или ги обожавате:

Проѕирното таканаречено „дух“ столче

Дизајниранo од Филип Старк во 2002 година, столчето „дух“ е пресврт на мебелот во стилот на Луј XVI во 21 век. Поликарбонатната, пластична фотелја наскоро стана сеприсутна, па дури и претерано користена.

Во секој случај, дизајнерите се поделени околу привлечноста и практичноста на ова уникатно столче.

10-trendovi-za-ureduvanje-na-domot-koi-ili-gi-mrazite-ili-gi-obozhavate 02 630x832.jpg

За едни мешање на стилови, за други „кич“

Некои го нарекуваат елитен, други го нарекуваат „кич“. Без разлика на зборот, овој стил на поместување на границите меша навидум случајни, застарени, па дури и помалку смешни елементи.

Добриот избор доведува до соби кои изгледаат креативно и разиграно, но доколку се претера сето тоа се претвора во неред и изгледа евтино.

10-trendovi-za-ureduvanje-na-domot-koi-ili-gi-mrazite-ili-gi-obozhavate 03 630x424.jpg

Минимализам

Спротивно на збиеноста и мешањето на стилови, минимализмот е животна филозофија што ја поддржува едноставноста над нештата, која дел од луѓето ја обожаваат, а за останатите претставува недовршена и некомплетна скица.

Минималистичкиот дизајн наложува чисти простори украсени со функционална, резервна гарнитура и неколку добро избрани парчиња.

Минималистичките домови можат да направат да се чувствувате елегантно и спокојно, во зависност од користените бои, текстурите и осветлувањето.

10-trendovi-za-ureduvanje-na-domot-koi-ili-gi-mrazite-ili-gi-obozhavate 04 630x788.jpg

Пренаменето или реставрирано

Секој сака добра зделка зачинета со креативност - на пример, стара клупа трансформирана во „кул“ катче во задниот двор.

Овде клучот е квалитетот. Оригиналното парче треба да биде изработено од издржливи и квалитетни материјали, а самото реставрирање треба да го подигне на повисоко ниво на дизајн и корисност.

Сепак, не сите луѓе го сакаат „шмекот“ на старото, пренаменето парче мебел.

10-trendovi-za-ureduvanje-na-domot-koi-ili-gi-mrazite-ili-gi-obozhavate 05 630x380.jpg

Тегли во улога на украси

Нашите баби ги користат за ајвар, зимница и разни џемови, но ние ги претворивме во хипстерски декор и неретко во чаши за пиење добар коктел.

Но, како и со сите трендови, за некои луѓе овие тегли се тотално клише.

10-trendovi-za-ureduvanje-na-domot-koi-ili-gi-mrazite-ili-gi-obozhavate 06 630x630.jpg

Бројни ретро сијалички

Многубројните светилки кои личат на сијаличките од раните 1900-ти неоспорно имаат привлечен индустриски раб.

Но, проблемот со популарните враќања на дизајнот е што тие можат да станат премногу користени и неоригинални, па голем број од луѓето целосно ги избегнуваат.

10-trendovi-za-ureduvanje-na-domot-koi-ili-gi-mrazite-ili-gi-obozhavate 07 630x630.jpg

„Безбојна“ гарнитура

Таканаречените „безбојни“ гарнитури нудат пријатно седење и лесно совпаѓање со останатиот мебел во просторијата, но за волја на вистината тие исто така можат да бидат доста здодевни.

Оние похрабрите одбираат елегантен дизајн, материјал и боја што навистина се истакнува.

10-trendovi-za-ureduvanje-na-domot-koi-ili-gi-mrazite-ili-gi-obozhavate 08 630x431.jpg

Отворени полици

Едни сметаат дека тие се модерен пристап кон складирањето: ослободување од старомодните кујнски ормари и наместо тоа, поставување на омилените садови и прибори на отворени полици.

Спротивставената страна смета дека постои проблем во тоа што не секој предмет во вашата кујна е достоен за да биде во центарот на вниманието, и не секој сопственик може да смисли и одржува совршени, праволиниски полици.

Исто така, постојат практични проблеми како прашина и маснотии со кои треба да се борите.

10-trendovi-za-ureduvanje-na-domot-koi-ili-gi-mrazite-ili-gi-obozhavate 09 630x380.jpg

Монохроматски стил

Монохроматска шема на бои може да предизвика смиреност, јасност и софистицираност.

Во надолна линија, палетата со една нијанса може да изгледа празно и да недостасува оној акцент на бои коишто додава зачин во просторијата.

Доколку сепак сте љубител на монохроматскиот изглед, измешајте тонови и текстури и вметнете природни елементи како растенија.

10-trendovi-za-ureduvanje-na-domot-koi-ili-gi-mrazite-ili-gi-obozhavate 10 630x331.jpg

„Етно“ декор

Постои разлика помеѓу масовно произведената „африканска“ маска, развиена од своето потекло и вистинско уметничко дело што го изработуваат локалните занаетчии.

Многу потрошувачи и дизајнери ја отфрлаат културната присвојност во форма на неавтентичен, племенски, етно декор.

Наместо тоа, тие ги поддржуваат локалните уметници и занаетчии се прилагодуваат на приказните што ги обликуваат нивните креации.

10-trendovi-za-ureduvanje-na-domot-koi-ili-gi-mrazite-ili-gi-obozhavate 11 630x421.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 бои со кои ќе го освежите домот оваа есен  Покрај бојата на килибар која нè асоцира на есен, темносината е уште еден одличе...
Трендови за уредување на домот кои е најдобро да ги избегнувате Отворени полици, генерички уметнички дела и скапи сезонски декорации – Кои тренд...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
Идеи за декорирање со кои ќе ја внесете пролетта во домот, без многу пари Свежо цвеќе, мирисливи свеќи и декортивни перници со „весели“, пролетни мотиви.....
Кај Драгана дома: Есенски украсен стан во Гостивар со тикви во сите форми и бои и суво цвеќе (фото) „Препознатливо за мене е што во мојот дом секогаш сè е украсено во зависност кој...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg