Зошто е доволно да изгубите само 5% од телесната тежина?

Сите велиме: „Од утре ќе почнам здраво да се хранам. Всушност од понеделник. Всушност следниот месец започнува со понеделник, па затоа подобро тогаш да почнам“.

zosto-e-dovolno-da-izgubite-samo-5-od-vasata-telesna-tezina-01

Престанете да се лажете себеси и започнете веднаш благодарение на науката. Едно ново, мало истражување во весникот Cell Metabolsm открива дека доволно е да изгубите 5% од телесната тежина за да ги почувствувате здравствените придобивки.

Истражувањето вклучувало физички неактивни мажи и жени кои тежеле околу 100 килограми. На учесниците им било речено да ги намалат калориите, а притоа да не ја зголемат нивната физичка активност. Истражувачите откриле дека намалувањето на тежината од  дури 5% имало големо влијание на ризикот од тип 2 дијабетес и срцеви заболувања како тромбозата. Всушност, тие 5% го зголемиле инсулинот, а го намалиле нивото на холестерол и крвниот притисок за 20 до 30%.

„Можеби нема да видите големи физички промени, но верувајте дека вашето здравје ќе биде подобрено.“ – објаснува Семјуел Клејн – директор на центарот за човечка исхрана во вашингтонскиот Универзитет за медицина.

Овој охрабрувачки исход е важен за вашето гледиште кон слабеењето т.е. кон било кој програм за слабеење затоа што ќе ви помогне да се мотивирате да работите кон мали чекори кои водат до напредок.

„Експертите претходно препорачуваа дека треба да изгубите 5 до 10% од вашата телесна тежина за да го подобрите здравјето – врз основа на ретроспектива од истражувањата за слабеење. Но, ова истражување покажува дека ви се доволни само 5%. Токму затоа што е полесно да ослабете 5% отколку 10, се надеваме дека оваа разумна цел ќе им олесни на луѓето да ослабат и ќе ги мотивира да продолжат да работат на себе. “ – вели др. Клејн

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...
Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg