Комбинација од јаткасти плодови која треба да ја јадете почесто ако сакате да ослабете

Грицкањето на семки и јаткасти плодови многумина го сметаат за нездрава навика. Сепак, истите тие јаткасти плодови кога се сирови и необработени се вистински извор на здравје.

kombinacija-od-jatkasti-plodovi-koja-treba-da-ja-jadete-pocesto-ako-sakate-da-oslabete-01.jpg

Неодамнешно истражување покажа дека нема потреба да го ограничувате внесувањето на јаткасти плодови, додека тие не се пржени или солени.

Луѓето кои консумираат јаткасти плодови и семки секојдневно имаат поголеми шанси да го стопат салото, да изгубат неколку килограми и со тоа да дојдат до потенок струк.

Постои една добитна комбинација која ќе ви осигура подобра линија и подобро здравје.

Следен пат кога ќе ви се грицка нешто солено, измешајте ореви, бадеми, лешници, ф’стаци и кикирики.

Обичните ореви може да ги замените со индиски или бразилски, само внимавајте да не претерате со дозволената количина затоа што може да ви предизвикаат мачнини.

Со оваа комбинација ќе си го зачувате здравјето на крвните садови и ќе ја подобрите крвната слика.

Оревите ќе ви го заштитат срцето кога сте под стрес.

А, затоа што стресот води до пад на имунитетот, тука се бадемите богати со витамин Е, витамини од Б групата и магнезиум.

Бразилските ореви се добра алтернатива доколку ви недостасува селен во организмот.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Српска нутриционистка предупредува: „Бурекот не треба да се консумира со јогурт“ „Наутро јадеме по еден бурек, а потоа ни се приспива“ – нутриционистката Јелена ...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg