Време е за забава со розеви коктели. Погледнете како да ги направите

Внесете малку разновидност во забавите што ги приредувате вие или вашите пријатели. Направете нешто поинакво од досега и изненадете ги со розевите коктели, кои девојките со сигурност ќе ги обожаваат.

vreme-e-za-zabava-so-rozevi-kokteli-poglednete-kako-da-gi-napravite-01

Подготовката на овие летни розеви коктели е едноставна и ќе додаде колоритност на забавата. 

1. „Pink Poodle” 

Брз и едноставен коктел за кој ви се потребни: 

  • 2 водки
  • 4 литри сок од боровница
  • мраз 
  • гренадин
  • шеќер

Натопете го врвот на чашата со гренадинот, а потоа натопените чаши обложете ги во шеќерот. Наполнете ги чашите со мраз и додадете ја мешавината од вокта и сокот од боровница. 

 

vreme-e-za-zabava-so-rozevi-kokteli-poglednete-kako-da-gi-napravite-1


2. „Hot pink Barbie drink” 

Изненадете ги девојките со овој пијалок кој со сигурност нема да ги остава рамнодушни: 

  • 1 литар кокосов рум 
  • 1 вотка
  • 1 литар сок од боровница
  • 1 литар сок од портокал
  • 1 литар сок од ананас

Сите овие состојки ставете ги во сад во кој ќе можете заедно да ги промешате. Подгответе чаши со мраз и истурете го розевиот пијалок. Не заборавајте на интересни декорации како чадорчиња, необични сламки и слично. 

vreme-e-za-zabava-so-rozevi-kokteli-poglednete-kako-da-gi-napravite-2


3. „Pink Lady” 

Самото име кажува дека се работи за софистициран пијалак кој е извонреден за оној помирен тип на забави. 

  • 3/4 џин
  • гренадин
  • белка од јајце во прав
  • 2/3 свежо исцеден лимон
  • свежи цреши 

Мразот и сите состојки измешајте ги заедно, со цел мразот да биде искршен. Сосема на крајот за декорација додадете од свежите цреши. 

vreme-e-za-zabava-so-rozevi-kokteli-poglednete-kako-da-gi-napravite-3


4. „Pink Russian” 

За луда и незаборавна забава која продолжува до раните утрински часови се препорачува токму овој коктел, а еве и како да го направите: 

  • 2 мали чашки текила 
  • 1 литар водка
  • 2 мали чашки млеко или крем 

 Најдете розева боја за готвење и додадете малку од неа во сите овие состојки кои заедно ќе ги промешате. Задолжително во чашата ставете многу мраз. 

vreme-e-za-zabava-so-rozevi-kokteli-poglednete-kako-da-gi-napravite-4


5. „Pretty in pink” 

Иако звучи нежно сепак не претерувајте бидејќи овој пијалак и не е така нежен како што изгледа. 

  • Шеќерна волна
  • Шампањ 

Пополнете ги чашите со шеќерна волна а, потоа додадете од шампањот. Ќе добиете извонреден и незаменлив вкус. 

vreme-e-za-zabava-so-rozevi-kokteli-poglednete-kako-da-gi-napravite-5

Количеството на алкохол и соковите не мора да биде точно како наведеното, туку можете сами да одлучите. Доколку коктелот не ја добил вистинската боја, тоа значи недостига од сокот. 

Уживајте во вашата забава која сите ќе ја помнат по розевите коктели.

Би можело да ве интересира:

Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...
3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
Рецепти за 3 розови Барби коктели, идеални за летните дружби со пријателките Барби коктели со вкус на кокос, џин или вермут. За следното дружење со другаркит...
3 есенски коктели што ќе ве натераат да заборавите на летото Есенски џин-тоник со вкус на цимет и коктел со мед и круши – вкусовите на есента...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg