Сакате да станете попаметни? Пијте ги овие пијалаци

Иако не постои пијалак или храна која може вештачки да го зголеми вашиот коефициент на интелигенција, сепак со внесување на одредени пијалаци значително може да се подобри работата на мозокот.

sakate-da-stanete-popametni-pijte-gi-ovie-pijalaci-01.jpg

Еве кои се тие:

1. Сок од калинка

Калинката е силен антиоксиданс, посилен од црното вино и зелениот чај. Затоа, според препораките на нутриционистите само 1 чаша сок од калинка дневно може да го намали ризикот од заборавање, односно значително го подобрува памтењето.

2. Чај

Одберете црн или зелен чај, затоа што на тој начин ја поттикнувате активноста на мозокот. Состојката која се наоѓа во овие два чаеви докажано го зголемува количеството на клетки во мозокот и ја чува меморијата.

3. Какао

Флавонолот во какаото е клучен за намалување на крвниот притисок, па неговата редовна консумација значи помалку оштетен мозок. Можеби до сега не знаевте, но докажано е дека ова слатко задоволство позитивно влијае на памтењето.

4. Црвено вино

Истражувањата покажаа дека полифенолите во виното ја зголемуваат циркулацијата на крв низ мозокот. Ресерватолото од виното исто така има позитивни влијанија на функциите на мозокот, но умереноста е од клучно значење.

5. Вода

Водата помага кислородот полесно и побрзо да стигне до мозокот. Затоа кога сме дехидрирани имаме главоболка и не можеме да размислуваме јасно.

6. Сок од јаболко, морков и цвекло

Ако ги помешате овие 3 намирници во блендер не само што ќе добиете сок со сладок вкус, туку и пијалак богат со антиоксиданси, витамини и минерали. Цвеклото го зголемува количеството на кислород во мозокот, морковот содржи бета каротен кој е добар за регенерација на мозокот, додека јаболкото штити од Алцхајмерова болест.

Би можело да ве интересира:

Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...
3 рецепти за греено вино (што ќе ве стоплат во студените ноќи) Сте пробале ли греено вино со капини или со јаболка? Пробајте нови рецепти за ом...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg