Како се подготвува и зошто се пие медената вода?

kako-se-podgotvuva-i-zosto-se-pie-medenata-voda-2.jpg

На сите ни се познати корисните особини на медот, но ретко кој знае дека голема корист може да има ако медот го измеша со малку вода.

Како се подготвува медената вода?

Во 250ml вода на собна температура се меша 1 полна кафена лажичка природен мед. Самиот добиен раствор се нарекува медена вода.

Што содржи медената вода?

Кога ги спојувате овие 2 состојки, се создава соединение кои ги содржи овие состојки:

  • Ензими
  • Амино киселини
  • Билни протеини
  • Билни јаглехидрати
  • Флавоноиди
  • Витамин А, Б1, Б2, Б3, Б6, Б9 и Ц
  • Магнезиум
  • Калиум
  • Железо
  • Калциум
  • Силициум
  • Фосфор
  • Цинк
  • Бакар
  • Манган

kako-se-podgotvuva-i-zosto-se-pie-medenata-voda-3.jpg

Како се пие медената вода?

Најпрво, важно е да е свежо подготвена. Никогаш не треба да ја подготвувате ден однапред.

Треба да ја пиете минимум еднаш, а препорачливо е и два пати дневно, секој ден.

Наутро би требало да ја пиете пред појадокот, а навечер по вечерата.

Зошто е добро да ја пиете медената вода?

  • Активно и ефикасно прави детоксикација на организмот
  • Ја чисти крвта и ја збогатува со хранливи состојки
  • Ефикасно го намалува нивото на лош холестерол и триглицериди
  • Ја зајакнува еластичноста на крвните садови
  • Го спречува настанувањето на срцеви заболувања
  • Делува како антибактериско и антивирусно средство
  • Делува против воспаленија во организмот
  • Ја подобрува функцијата на цревата
  • Го ослободува организмот од вишокот масни наслаги
  • Позитивно влијае на здравјето на кожата, косата и ноктите

За последната придобивка, слободно можете да ја користите медената вода надворешно, поточно, неколку пати во неделата да направите купка или маска од мед и вода за косата, рацете или телото.

kako-se-podgotvuva-i-zosto-se-pie-medenata-voda-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
3 есенски коктели што ќе ве натераат да заборавите на летото Есенски џин-тоник со вкус на цимет и коктел со мед и круши – вкусовите на есента...
Рецепти за 3 розови Барби коктели, идеални за летните дружби со пријателките Барби коктели со вкус на кокос, џин или вермут. За следното дружење со другаркит...
Популарни коктели со џин - вистинско освежување во топлите летни ноќи Ако сте од оние што не сакаат премногу измешани вкусови тогаш едноставниот кокте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg