3 есенски пијалаци кои ќе ве загреат

Есента е идеален временски период за комбинирање на сезонското овошје со некои од омилените пијалаци како што се кафето, топлото чоколадо и виното.

3-esenski-pijalaci-koi-kje-ve-zgreat-01.jpg

Токму затоа, можете да ги употребите овие три интересни есенски рецепти за подготовка на вкусни пијалаци во кои нема да уживате само вие, туку и вашите пријатели.

Кафе со арома на тиква

Потребни состојки:

  • ½ шолја млеко
  • 3 лажици испасирана тиква
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2 лажички шеќер
  • 1 до 2 мали шолји еспресо или кафе по желба
  • Цимет

Подготовка:

Во сад измешајте ги млекото и испасираната тиква. Варете ги на средна температура 30 до 45 секунди.

Во садот додадете го екстрактот од ванила и шеќерот. Состојките блендирајте ги 30-ина секунди додека не добиете на површината малку пена.

Состојките ставете ги во поголема шолја, додадете го кафето и ставете малку цимет.

3-esenski-pijalaci-koi-kje-ve-zgreat-1.jpg


Нутела топло чоколадо

Потребни состојки:

  • 1 шолја млеко
  • 2 ½ лажици Нутела
  • 1 лажица какао
  • 1 шолја шлаг од изматена слатка павлака
  • 2 лажици шеќер
  • ½ лажичка екстракт од ванила

Подготовка:

Во сад на средна температура ставете ги млекото, Нутелата, какаото и мешајте додека не се соединат состојките. Кога ќе забележите дека смесата започнува да се крева, вашето топло чоколадо е готово.

Ставете го во поголема шолја и започнете со подготовка на шлагот. Претходно изматената слатка павлака, шеќерот и екстрактот од ванила помешајте ги заедно и додадете ги на топлото чоколадо.

3-esenski-pijalaci-koi-kje-ve-zgreat-2.jpg


Сангрија од јаболка

Потребни состојки:

  • 1 шише бело вино по желба
  • 2 ½ шолји сок од јаболка
  • 1 шолја кисела вода
  • 2 стапчиња цимет (по желба)
  • ½ шолја вотка
  • 2 исечкани јаболка
  • 1 лажица мед
  • ½ лажица цимет
  • ¼ шолја калинка
  • 1 исечкан портокал

Подготовка:

Во голем сад ставете ги исечканите јаболка, калинки и портокал. Додадете ги стапчињата цимет, киселата вода, виното, циметот и медот. Добро мешајте. На оваа смеса додадете ги вотката и сокот од јаболка и уште еднаш добро промешајте.

3-esenski-pijalaci-koi-kje-ve-zgreat-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Зошто не треба да ја ладите вотката во замрзнувач? Франсоа Тибо, кој е креатор на популарната вотка „Grey Goose“ открива зошто ладе...
Вкусно смути со модри сливи - помага во подобрување на дигестијата и во борбата со килограмите Пазарите се преполни со свежи модри сливи, а со оглед на тоа што ова овошје е од...
Еспресо шприцер: Новиот омилен пијалак за ова лето, на сите вљубеници во кафето Ако сте љубител на кафе, еспресо шприцер одличен избор за да ги задоволите вашит...
Рецепти за 3 розови Барби коктели, идеални за летните дружби со пријателките Барби коктели со вкус на кокос, џин или вермут. За следното дружење со другаркит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg