Како да одберете квалитетно вино дури и кога немате многу пари?

Дури и најголемите стручњаци ќе ви признаат како огромниот избор на вина на полиците во продавниците може целосно да нè збуни.

kako-da-odberete-vkusno-vino-duri-i-koga-nemate-mnogu-pari-1.jpg

Всушност секоја година на пазарот се појавуваат огромен број нови вина и веројатно никој не може да следи толкав број нови производи.

При изборот на вино секако дека постојат голем број фактори од кои зависи вашата одлука, но сепак еден од главните е вашиот буџет.

Следните совети ќе ви помогнат да го изберете вистинското шише вино согласно буџетот со кој располагате:

1. Одлучете се за помал регион

За повисока цена секако дека можете да купите вино од голем и познат регион, но кога имате помал буџет држете до мали региони бидејќи помалото производство секогаш значи и подобар квалитет.

2. Барајте шише со стандардна големина (750ml)

Понекогаш не е лесно да се одолее на големите шишиња (повеќе вино за истите пари), но во тој случај ќе добиете повеќе вино со полош квалитет наместо нормална количина нешто што е навистина убаво.

3. Нека не ве обесхрабрува пакувањето како картонска или тетрапак кутија

Благодарение на напредната технологија, виното спакувано дури и во ваква амбалажа воопшто нема да изгуби од својот квалитет. Ова решение одличен избор кога организирате некаква забава, а сепак не сакате на гостите да им послужите лошо вино.

4. Внимавајте со попустите во продавниците

Ако видите огромни полици со вино кое е на попуст и воопшто не ви е познато големи се шансите да станува збор за некое лошо вино кое продавницата не можела да го продаде по предвидената цена, па сега се обидува да го направи тоа преку попуст.

5. Купете вистинско вино од вистински регион

Некои вински региони во светот толку долго се занимаваат со производство на вино што можат да го прават тоа и со затворени очи. Имајте го предвид Бордо за cabernet sauvignon, Калифорнија за chardonnay, Нов Зеланд за sauvignon blanc, Германија за riesling, Јужна Африка за chenin blanc или Аргентина за malbec.

6. Од непознатите сорти можете да добиете поголем квалитет

Сигурно до сега сте слушнале за pinot noir или nebbiolo, кои се веројатно најскапите вина на светот. Но, сте слушнале ли некогаш за arinto, loureira, nero d’avola, cariñena или јможеби за albariño? Вината од овие помалку познати сорти содржи грозје кое е релативно евтино, но тоа ви никој случај не се должи на слабиот квалитет.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 есенски коктели што ќе ве натераат да заборавите на летото Есенски џин-тоник со вкус на цимет и коктел со мед и круши – вкусовите на есента...
Колагенско кафе за подмладување: Кои се ефектите и како да го направите? Џенифер Анистон и Кортни Кардашијан се само дел од светските ѕвезди кои не остан...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...
3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
ПМС, холестерол - За што сè е добар чајот од маточина? Чајот од маточина има пријатен вкус, а нуди цела низа здраствени придобивки - од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg