4 рецепти за пијалаци кои го поттикнуваат согорувањето на масти

Летото е тука, градските гужви веќе ги заменивме со плажи, а многу од нас сепак не се задоволни со линијата која ја имаат кога се во костим за капење.

4-recepti-za-pijalaci-koi-go-pottiknuvaat-sogoruvanjeto-na-masti-01.jpg

Како помош да ја остварите целта и да ги стопите и најупорните масти во телото, ви предлагаме 4 пијалаци.

Состојките ќе ви го прочистат организмот, па затоа одберете го омилениот рецепт и вметнете го во секојдневната исхрана.

1. Зелено смути

Пијте го половина час пред појадокот.

За подготовка, во блендер измешајте ги следниве состојки:

  • ½ ананас
  • 1 краставица
  • 1 стебло целер
  • Среден домат
  • Неколку ротквици со средна големина

4-recepti-za-pijalaci-koi-go-pottiknuvaat-sogoruvanjeto-na-masti-02.jpg

2. Грејпфрут и јаболков оцет

Важно е да одберете квалитетен оцет и пијалакот да го пиете пред секој оброк, по 1 чаша.

Се подготвува од следниве состојки:

  • Шолја сок од грејпфрут
  • 1 лажица јаболков оцет
  • ½ шолја чај од нане

4-recepti-za-pijalaci-koi-go-pottiknuvaat-sogoruvanjeto-na-masti-03.jpg

3. Чиа семки, лимон и вода

Утрински еликсир кој можете да го пиете со топла или ладна вода, а се подготвува на следниов начин:

Помешајте 1 лажица чиа семки со сок од ½ лимон во чаша вода.

Оставете го пијалакот 10 минути да отстои пред да го испиете.

4-recepti-za-pijalaci-koi-go-pottiknuvaat-sogoruvanjeto-na-masti-04.jpg

4. Лимонада со ѓумбир

Лимонада која се пие во текот на денот, кога и да посакате, а се подготвува на следниов начин:

Исцедете сок од 3 лимони. Изрендајте ѓумбир и прелијте со жешка вода.

Кога чајот ќе се олади, додадете го сокот од лимон. Без засладувачи и мед, пијте ја лимонадата со неколку коцки мраз.

4-recepti-za-pijalaci-koi-go-pottiknuvaat-sogoruvanjeto-na-masti-05.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...
3 есенски коктели што ќе ве натераат да заборавите на летото Есенски џин-тоник со вкус на цимет и коктел со мед и круши – вкусовите на есента...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg