6 пијалаци кои го забрзуваат метаболизмот за кратко време

Ако барате природен начин да го изгубите вишокот килограми или едноставно да направите детоксикација на вашето тело, здравите пијалаци може значително да ви помогнат.

6-pijalaci-koi-kje-go-zabrzaat-vasiot-metabolizam-001.jpg

Овие пијалаци не само што се неверојатно здрави, туку се и навистина вкусни.

Тие ќе го забрзаат вашиот метаболизам, а како резултат на тоа, вашето тело ќе согорува многу повеќе масти.

Зелен чај и нане

Зелениот чај е тој кој ја подобрува оксидацијата, додека нането и лимонот ги спречуваат воспаленијата и придонесуваат за забрзување на метаболизмот.

Подготовка:

Ставете 7 чаши зелен чај во тегла. Додадете грст свежо нане. Додадете неколку лимони исечкани на кругови.

Ставете ја теглата во фрижидер во недела. Почнувајќи од понеделник, пијте по една чаша чај секој ден, во текот на целата недела.

6-pijalaci-koi-kje-go-zabrzaat-vasiot-metabolizam-01

Смути од јагоди

Клучот за зајакнување на вашите мускули е внесувањето на протеини. Овој милкшејк го зголемува внесот на протеини, а јагодите го активираат вашиот метаболизам.

Состојки:

  • ½ литар обезмастено млеко
  • 1 чаша јагоди
  • ½ чаша овес
  • 1 чаша природен јогурт со ниска масленост
  • ¼ чаша ленено семе

Ставете сè во блендер, убаво измешајте и уживајте во вкусот на овој здрав пијалак.

6-pijalaci-koi-kje-go-zabrzaat-vasiot-metabolizam-02

Овошно смути

Овој пијалак е одличен бидејќи содржи комбинација од овошја. Основната состојка е цитронот, кој има широка употреба за губење на мастите.

 Состојки:

  • 2 цитрони, исцедени
  • 2 парчиња ананас
  • 1 чаша малини
  • ½ чаша вода

Ставете сè во блендер и убаво измешајте.

6-pijalaci-koi-kje-go-zabrzaat-vasiot-metabolizam-03

Смути од јаболко

Јаболката се одлични за детоксикација на телото. Содржат пектин, кој ја намалува количината на масти кои вашите клетки можат да ги апсорбираат. Овој пијалак помага во зајакнувањето на мускулите и топењето на мастите.

Состојки:

  • 1 чаша природен јогурт со ниска масленост
  • 1 јаболко исечено на парчиња
  • 1 лажица мед
  • ½ чаша бадеми
  • цимет
  • ½ литар обезмастено млеко

Измешајте сè во блендер и вашиот здрав пијалак е подготвен.

6-pijalaci-koi-kje-go-zabrzaat-vasiot-metabolizam-04

Зачинета инфузија

Инфузијата со зелен чај има многу придобивки за вашето здравје. Зелениот чај, црвениот пипер и циметот го забрзуваат метаболизмот, а медот го прочистува вашето тело.

Подготовка:

Направете чаша зелен чај. Додадете малку мед. Потоа, додадете прстофат црвен пипер (помалку од медот). И за крај, додадете лажица цимет.

6-pijalaci-koi-kje-go-zabrzaat-vasiot-metabolizam-05

Чоколадно смути

Овој пијалак е одличен доколку сакате да го зголемите внесот на протеини. Бидејќи кафето го забрзува метаболизмот, најдобро е да го консумирате еден час пред вежбање.

Состојки:

  • чоколадо или какао во прав без шеќер
  • ½ литар обезмастено млеко
  • ½ чаша овес
  • ¼ чаша амарант
  • ½ лажица кафе
  • мед по вкус

Измешајте сè заедно во блендер и уживајте.

6-pijalaci-koi-kje-go-zabrzaat-vasiot-metabolizam-06

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...
Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
3 есенски коктели што ќе ве натераат да заборавите на летото Есенски џин-тоник со вкус на цимет и коктел со мед и круши – вкусовите на есента...
Рецепти за 3 розови Барби коктели, идеални за летните дружби со пријателките Барби коктели со вкус на кокос, џин или вермут. За следното дружење со другаркит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg