Пролетни пијалаци кои се пијат пред спиење и ги топат мастите додека спиете

Пролетта е идеално време да почнете со поздрава исхрана, но и со вежби и пијалаци кои ќе ви помогнат да го подготвите телото за полесната облека и разголувањето кое следи.

proletni-pijalaci-koi-se-pijat-pred-spienje-i-gi-topat-mastite-dodeka-spiete-1.jpg

Доколку сакате да слабеете и додека спиете, а да се разбудите енергични, составивме листа сокови и шејкови со кои тоа е возможно.

Секако, ништо не е магично, па доколку не внимавате на активностите и исхраната, не очекувајте дека соковите ќе ви намалат 10 килограми преку ноќ.

Зелен сок од краставица

Состојки:

  • 1 краставица
  • 1 снопче магдонос
  • 1 лимон
  • 1 лажица рендан ѓумбир
  • 1 лажица алое вера сок
  • ½ чаша вода

Сите состојки се мешаат во блендер. Пијте пред да си легнете. Сокот пијте го 1 месец, а потоа направете пауза од 1 недела.

proletni-pijalaci-koi-se-pijat-pred-spienje-i-gi-topat-mastite-dodeka-spiete-2.jpg

Сок од круша и жалфија

Состојки:

  • 10 листови жалфија
  • 1 лајм
  • 250ml свеж сок од круша
  • 250ml газирана вода
  • 1 круша на парчиња
  • Мраз

Исечкајте ги лајмот и крушата и ставете ги во блендер. Додадете ги листовите жалфија и мраз. Блендирајте неколку минути. Потоа помешајте ја густата смеса со сокот од круша и газирана вода.

proletni-pijalaci-koi-se-pijat-pred-spienje-i-gi-topat-mastite-dodeka-spiete-3.jpg

Енергетски сок од лимон

Состојки:

  • 5-6 лимони
  • 1 литар газирана вода
  • Нане
  • Мраз

Исцедете ги лимоните и прелијте го сокот со газирана вода. Додадете уште еден сечкан лимон по желба и листови нане. Послужете со мраз.

proletni-pijalaci-koi-se-pijat-pred-spienje-i-gi-topat-mastite-dodeka-spiete-4.jpg

Зачинета индиска вода

Состојки:

  • 4 лимети
  • Ѓумбир по вкус
  • Листови нане
  • 1 литар газирана вода
  • ½ чаша обична вода
  • Кафеав шеќер
  • Мраз

Исцедете ги зелените лимони, па измешајте го шеќерот со обичната вода на оган додека не добиете сируп. Додадете го ѓумбирот. Кога ќе почне да врие, тргнете го садот од оган. Додадете го сокот од зелен лимон, а потоа и мразот и газираната вода. Сервирајте со парчиња нане.

proletni-pijalaci-koi-se-pijat-pred-spienje-i-gi-topat-mastite-dodeka-spiete-5.jpg

Зеленчукова вода

Состојки:

  • 1 литар газирана вода
  • 3 краставици
  • 1 голема бабура
  • 1 лимета
  • 3 лимони
  • Нане
  • Мраз
  • Кафеав шеќер

Исечете 2 од краставиците и пиперката на тенки парчиња или кругови и проросете ги со малку кафеав шеќер. Последната краставица и еден лимон исечете  посебно. Изрендајте ја кората од лиметата и исцедете го сокот. Потоа и двата лимони.

Нането ставете го во бокал. Додадете го ренданиот зелен лимон и сокот, парчињата лимон, краставица и пиперка. Истурете ги сокот и газираната вода. Додадете мраз.

proletni-pijalaci-koi-se-pijat-pred-spienje-i-gi-topat-mastite-dodeka-spiete-6.jpg

Вода со јаготки и нане

Состојки:

  • ½ лимон
  • ½ лимета
  • Ментол
  • Јаготки
  • 1 литар газирана вода
  • 100ml обична вода
  • Мраз

Од зелениот и обичниот лимон исцедете го сокот и изрендајте малку кора во голем бокал. Исечете ги јаготките на половина и ставете ги во бокалот. Додадете го нането и мразот. Прелијте со газирана вода, па обична. Изладете и пијте колку сакате.

proletni-pijalaci-koi-se-pijat-pred-spienje-i-gi-topat-mastite-dodeka-spiete-7.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...
3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
Рецепти за 3 розови Барби коктели, идеални за летните дружби со пријателките Барби коктели со вкус на кокос, џин или вермут. За следното дружење со другаркит...
3 есенски коктели што ќе ве натераат да заборавите на летото Есенски џин-тоник со вкус на цимет и коктел со мед и круши – вкусовите на есента...
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg