„Варен џин“ е новото греано вино – Како да го направите?
-->
Ова е рецепт кој ќе им се допадне на сите на кои им недостасува вкусот на џин, но и на оние кои внимаваат на линијата и исхраната.
Во овој варен џин нема шеќер, туку само се засладува со мед и зачини.
-->
Заменете го традиционалното греано вино со нешто поинакво овие празници.
Рецепт за варен џин
Состојки (за една доза, односно една чаша):
- 25ml џин
- 200ml сок од јаболка
- Лажичка мед
- Слатки зачини – цимет, ванила, ѓумбир...
Подготовка:
- Загрејте го сокот од јаболката заедно со лажичка мед и додадете ги сите зачини кои ги одбравте.
- Кога течноста ќе зоврие, тргнете од оган.
- Во течноста додадете го џинот сосема на крај.
- Ако имте свежо јаболко, исечкајте неколку парчиња и ставете во чашата. Зачинете со стапче цимет. Може да додадете и парче лимон.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно
Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...
3 есенски коктели што ќе ве натераат да заборавите на летото
Есенски џин-тоник со вкус на цимет и коктел со мед и круши – вкусовите на есента...
Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот
Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...
Популарни коктели со џин - вистинско освежување во топлите летни ноќи
Ако сте од оние што не сакаат премногу измешани вкусови тогаш едноставниот кокте...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка
Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
Рецепти за 3 розови Барби коктели, идеални за летните дружби со пријателките
Барби коктели со вкус на кокос, џин или вермут. За следното дружење со другаркит...
-->
-->