Сочни мафини со чоколада и малини – идеален десерт за со кафе

Доколку сте обожаватели на сочни мафини, тогаш овој рецепт сигурно ќе ви се допадне. Богатиот вкус на чоколада и малини ќе ве натера да побарате уште едно колаче.

sochni-mafini-so-chokolada-i-malini-idealen-desert-za-so-kafe-01.jpg

Мафините со чоколада и малини се идеални за да ги подготвите за неколку дена однапред, па да можете да уживате во нивниот вкус кога сакате десерт со кафето или кога ви се јаде нешто благо.

Освен свежи, можете да користите и замрзнати малини, но ќе треба да ги одмрзнете пред да го подготвите рецептот и да ги исцедите од вода.

Потребни состојки (за 12 мафини):

  • 200g бело брашно;
  • 25g какао;
  • 1 голема лажичка прашок за печиво;
  • 115g кафеав шеќер;
  • 100g чоколадни топчиња;
  • 150ml млеко;
  • 115g несолен путер;
  • 200g малини;
  • 2 јајца (изматени).

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови;
  • Во длабок сад се ставаат брашното, какаото и прашокот за печиво, па се додава шеќер и чоколадни трошки и се мешаат сите состојки, па се прави дупка на средината;
  • Во друг сад со миксер се матат јајцата, па им се додава млеко и стопен путер и се матат уште кратко додека не се добие изедначена смеса;
  • Течните состојки се додаваат на сувите, така што се истураат на местото каде што сте направиле дупка на средината и се мешаат со шпатула додека не се добие изедначена смеса за мафини;
  • Во смесата полека се додаваат измиените малини;
  • Со лажица тестото се става во калапи за мафини (до половина од секој калап) и се оставаат да се печат на температура од 180 степени околу 25 минути, или додека да се кренат со врвот на калапот;
  • Готовите мафини се вадат од рерна и се оставаат да се оладат, па потоа можете да ги сервирате. 

sochni-mafini-so-chokolada-i-malini-idealen-desert-so-kafe-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Викенд ручек: Сочни шпагети со грчки ќофтиња, во црвен сос Овој превкусен рецепт е комбинација од италијанската и грчката кујна... Дали би ...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Вкусен колач без печење со ресана и Кока-кола Сакате да пробате нешто ново, а вкусно? Погледнете го видео-рецептот за колач со...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...
Шеќерни крофни со цимет и путер, меки како душа Крофните со шеќер, цимет и путер се најмеките крофни што некогаш ќе ги пробате. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg