Пикантни тестенини со путер од кикиритки и чили, готови за 10 минути
-->
Ако сте љубител на пикантни јадења со необичен вкус, тогаш мора да ги пробате овие тестенини со путер од кикиритки и чили пиперчиња.
Некогаш, едноставно, ви е здодеано од класичните рецепти и сакате да пробате нешто ново и поинакво.
-->
Токму затоа ви го нудиме овој рецепт – тестенини со путер од кикиритки, кои се подготвуваат за десетина минути.
Дали би ги пробале?
Потребни состојки:
- 1 ќесичка јуфки
- 2-3 лажици путер од кикиритки
- 1 лажица соја сос
- 1 лажица маслиново масло (или масло со вкус на сусам или чили)
- 1-2 лажички чили пиперчиња ситно сечкани
- ½ лажичка оцет
- 1-2 лажички шеќер
- 2-3 лажици вода
- 2 чешниња лук
- Младо кромитче и сусам (по желба)
Начин на подготовка:
- Во длабок сад со вода што врие ставете ги јуфките да се варат според упатството на ќесичката.
- Додека тие се варат, ставете го маслиновото масло да се загрева во тава, па веднаш ставете ги двете чешниња лук кои сте ги исечкале ситно.
- Спојте го путерот од кикиритки со соја сосот, ситно сечканите чили пиперчиња, додајте ги оцетот, шеќерот и водата и мешајте додека смесата не се спои убаво.
- Ставете ја во лукот кој е веќе малку запржен и убаво измешајте.
- Во смесата ставете ги сварените тестенини, кои сте ги исцедиле од водата, па спојте ги сите состојки.
- По вкус можете да додадете малку сусам или младо кромитче.
- Послужете ги топли.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Шеќерни крофни со цимет и путер, меки како душа
Крофните со шеќер, цимет и путер се најмеките крофни што некогаш ќе ги пробате. ...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Вкусен колач без печење со ресана и Кока-кола
Сакате да пробате нешто ново, а вкусно? Погледнете го видео-рецептот за колач со...
Редена еклер торта што не се пече, со фил од јаболка и ванила
Омиленото есенско овошје се јаболката, а од оваа лесна торта сите ќе бараат парч...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
-->