Рецепт за брз ролат со банани и Нутела, кој им успева на сите

Банани и Нутела – постои ли подобра комбинација за вкусен десерт?

brz-kuglof-kolach-so-banani-i-nutela-koj-im-uspeva-na-site-01.jpg

Овој брз десерт кој се подготвува од лиснато тесто, банани и Нутела им успева буквално на сите.

А, ако го подготвите еднаш, ќе го спремате постојано.

Потребни состојки:

  • 3 големи банани
  • 1 пакетче лиснато тесто
  • ½ шолја Нутела
  • Малку цимет
  • Чоколаден прелив
  • Сладолед за сервирање (по желба)

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 180 степени, а тавата обложете ја со хартија за печење.
  • Лиснатото тесто оставете го малку да се одмрзне, па развлечете го во форма на правоаголник.
  • Едната половина премачкајте ја со Нутела, а другата исечете ја со нож (како во видеото).
  • Излупете ги бананите, исечете ги на три дела и наредете ги врз тестото на половината премачкана со Нутелата, а потоа преклопете ги со исеченото тесто и спојте ги двата краја во форма на прстен.
  • Посипете го тестото со цимет и внимателно ставете го врз тавата за печење. Печете го околу 15-20 минути (зависно од тоа како ви пече рерната).
  • Кога ќе биде готов колачот, извадете го од рерната, почекајте да се излади, па прелијте го со чоколаден прелив.
  • По желба послужете го со топка сладолед.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чизкејк од банани што не се пече – идеален за летните денови Брзите чизкејк десерти се меѓу омилените на модерните домаќинки затоа што не се ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Сочен викенд ручек: Свински кременадли на скара со прелив од мед Свинските кременадли со глазура од мед можете да ги пробате за продолжени викенд...
Ќе барате уште едно парче: Торта од редени палачинки и фил со Нутела крем Торта од палачинки со фил од Нутела... Звучи примамливо нели? Погледнете како да...
Шеќерни крофни со цимет и путер, меки како душа Крофните со шеќер, цимет и путер се најмеките крофни што некогаш ќе ги пробате. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg