Рецепт за здрави, лесни и посни колачиња од таан и урми

Комбинацијата од таан и урми, надополнета со какао во прав, ќе ви даде одличен десерт кој веруваме дека ќе сакате да го правите повторно и повторно.

recept-za-zdravi-lesni-i-posni-kolachinja-od-taan-i-urmi-01.jpg

Таанот е одличен извор на хранливи влакна, витамини и минерали од групата Б, а доколку го комбинирате со вкусните урми, тогаш ќе добиете совршен десерт кој не само што е лесен за приготвување, туку е и многу здрав, а може да го подготвувате и во деновите кога се пости.

Одличен е да го подготвите и во „последен момент“ кога ќе ви се најават гости, зашто за негова подготовка ви се потребни десетина минути.

Потребни состојки:

  • 200g урми
  • 120g таан
  • 20g какао во прав

Начин на подготовка:

  • Таанот и една третина од урмите ставете ги во блендер.
  • Блендирајте додека не се соедини, додајте уште една третина од урмите и повторно блендирајте. Повторувајте додека не ги ставите сите урми.
  • Потоа додајте какао во прав. Повторно блендирајте додека смесата целосно не се соедини.

    recept-za-zdravi-lesni-i-posni-kolachinja-od-taan-i-urmi-02.jpg
  • Префрлете ја смесата врз лист хартија за печење. Обликувајте правоаголна форма, со рацете.
  • Потоа, завиткајте и оставете ги колачињата во фрижидер да постојат најмалку половина час или пак преку ноќ.
  • Исечете на 8 парчиња и чувајте ги во фрижидер. Така може да постојат и до 6 дена. Уживајте!

recept-za-zdravi-lesni-i-posni-kolachinja-od-taan-i-urmi-03.jpg

М. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепти од ТикТок кои нема да ги „промашат“ и тие што се помалку вешти во кујна Похувано пилешко со пармезан, крем супа од брокула и чедар или американски палач...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Чизкејк од банани што не се пече – идеален за летните денови Брзите чизкејк десерти се меѓу омилените на модерните домаќинки затоа што не се ...
Ќе барате уште едно парче: Торта од редени палачинки и фил со Нутела крем Торта од палачинки со фил од Нутела... Звучи примамливо нели? Погледнете како да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg