Природни велигденски бои за јајца по рецепт на вашите баби

Искусните и долгогодишни домаќинки сигурно веќе добро ги знаат, но традицијата вреди да се пренесува со генерации.

prirodni-veligdenski-boi-za-jajca-po-recept-na-vasite-babi-01

Ако се одлучите за природни бои, еве неколку интересни бабини рецепти кои ќе ви ја поедностават работата.

1. Жолта боја ќе добиете ако јајцата ги варите заедно со кора од лимон, портокал или врвчиња од неколку моркови. Во водата каде што ќе се варат јајцата може да додадете мелен ким или јајцето да го сварите во чај од камилица.

2. За портокалови јајца најдобро е да додадете лушпи од кромид или сечкан морков во водата каде што се варат. Додајте чили во прав или мелена пиперка за поинтензивни нијанси.

prirodni-veligdenski-boi-za-jajca-po-recept-na-vasite-babi-04

3. За црвено обоени јајца, во водата каде се варат јајцата додадете лушпи од виолетов кромид или јајцето обојте го со сок од шипки и боровинки.

4. Розова боја ќе добиете доколку јајцата ги варите со парчиња цвекло, сок од брусница или сок од грозје.

5. За сино обоени јајца додајте листови од виолетова зелка или концентриран сок од црно грозје.

prirodni-veligdenski-boi-za-jajca-po-recept-na-vasite-babi-02

6. Ако сакате јајцата да ги обоите во зелена боја, работата е наједноставна. Додајте магданос или листови спанаќ во водата каде се варат јајцата и за помалку од 10 минути бојата ќе се залепи на кората.

7. Кафеави јајца можете да обоите со неколку лажички турско кафе, лушпи од ореви или доколку додадете малку црн чај.

За бојата да биде посилна во водата додадете и малку јаболков оцет. Сепак, не очекувајте резултат како со вештачките бои.

На крајот, оригиналноста е онаа најважната!

prirodni-veligdenski-boi-za-jajca-po-recept-na-vasite-babi-03

Би можело да ве интересира:

Јајца на око со виршли во форма на цветови - децата ќе ги обожаваат (видео) Едноставен рецепт за јајца на око со виршли цветови, кој, освен што се спрема бр...
Рецепти од ТикТок кои нема да ги „промашат“ и тие што се помалку вешти во кујна Похувано пилешко со пармезан, крем супа од брокула и чедар или американски палач...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg