Подгответе: Брзи Плазма бомбици

За десертот да биде совршен не ви се потребни многу пари, ниту многу време. Вештините исто така се сведени на минимум, па овој рецепт може да го испробаат и почетниците.

podgotvete-brzi-plazma-bombici-01.jpg

Потребна ви е само голема желба и пријатели со кои ќе го споделите слаткото уживање.

Состојки:

  • 350g еурокрем
  • 350g мелена Плазма
  • Млеко по потреба
  • 10 парчиња чоколадни банани
  • Топено чоколадо, кокос, мелени ореви или бисквити за декорација, по желба

Подготовка:

Кремот растопете го на пареа и додадете ја мелената Плазма.

Со раце соединете ја смесата и по потреба додадете малку млеко.

Чоколадните банани поделете ги на 5-6 дела.

Како што ќе ги обликувате бомбиците, во внатрешноста на секоја ставете по едно парче чоколадна банана.

За крај, потопете ги бомбиците во чоколадо или извалкајте ги во кокос, мелени ореви, бадеми, бисквити...

Послужете и уживајте!

podgotvete-brzi-plazma-bombici-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а е омилен им е на сите оние шт...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Чизкејк од банани што не се пече – идеален за летните денови Брзите чизкејк десерти се меѓу омилените на модерните домаќинки затоа што не се ...
Вкусни бомбици од 2 состојки за кога немате ништо благо дома Кога немате ништо благо дома, можете да си подготвите бомбици од само 2 состојки...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg