Вкусни бомбици од 2 состојки за кога немате ништо благо дома
-->
Кога немате ништо благо дома, можете да си подготвите бомбици од само 2 состојки. Готови се за 40-тина минути и многу се вкусни.
Прочитајте го овој рецепт за бомбици кои се прават лесно, и кои сигурно ќе посакате и вие да ги направите.
-->
Потребни состојки:
- 120ml кондензирано млеко
- 60g какао (за бомбиците)
- 20g какао за валкање
Начин на подготовка:
- Во длабок сад ставете го кондензираното млеко, па преку цедалка додајте го какаото. На овој начин какаото ќе биде без грутчиња.
- Измешајте ги млекото и какаото со лажица. Матете додека да добиете хомогена смеса.
- Истурете ја смесата врз пластична фолија, убаво затворете ја и ставете ја во замрзнувач околу 30 минути.
- Извадете ја од замрзнувачот и пресечете ја со нож на еднакви делови – од оваа смеса би требало да добиете околу 20 парчиња.
- Секое парче направете го во форма на топче меѓу дланките, а потоа извалкајте го во какаото.
- Колачињата можете да ги послужите со кафе.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Викенд мезе: Крцкави пилешки прсти од рерна, готови за 30-тина минути
Крцкавите пилешки прсти се омилени за мезе или како предјадење, а наместо да ги ...
Ќе барате уште едно парче: Торта од редени палачинки и фил со Нутела крем
Торта од палачинки со фил од Нутела... Звучи примамливо нели? Погледнете како да...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
-->
-->