Подгответе: Сочна чоколадна торта

За сите вљубеници во чоколадото, а и за оние кои мислат дека можат да одолеат, оваа торта ќе сакате да ја изедете цела.

socna-cokoladna-torta-01

Вкусна, сочна, чоколадна и неодолива. Сигурно можете да одвоите малку време и да ја подготвите само за вас или и за вашите пријатели.

Потребни состојки:

Тесто:

  • 220 g брашно
  • 400 g шеќер
  • 80 g какао
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 220 g путер
  • 250 ml кафе

Фил:

  • 250 g шеќер
  • 400 ml павлака за готвење
  • 300 ml млеко
  • 200 g чоколадо со 70 % какао
  • 35 g густин

socna-cokoladna-torta-1.JPG

Подготовка:

Во еден сад сипете го брашното за тесто, какаото, сода бикарбоната и прашокот за печиво. Додајте го стопениот путер, шеќерот и кафето, па изматете го добро. Печете во рерна загреана на 180 степени околу 1 час. Оставете да се излади.

За филот, на тивок оган ставете ја павлаката за готвење, шеќерот, млекото и густинот. Додајте го чоколадото и мешајте додека се згусне. Оставете го филот да се излади, па ставете го во фрижидер за да се стегне.

Пандишпанот од тесто преполовете го и премачкајте ја едната половина со филот. Одозгора ставете ја втората половина и целата торта премачкајте ја со останатиот фил.

Нема да успеете да издржите, а да не ја пробате веднаш!

socna-cokoladna-torta-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Шеќерни крофни со цимет и путер, меки како душа Крофните со шеќер, цимет и путер се најмеките крофни што некогаш ќе ги пробате. ...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум. Лесен ...
Вкусни бомбици од 2 состојки за кога немате ништо благо дома Кога немате ништо благо дома, можете да си подготвите бомбици од само 2 состојки...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg