Слатки бомбици од бадеми и кафе

Збогатете си ја трпезата со вкусни топчиња со вкус на јаткасти плодови и омиленото кофеинско уживање. Послужете ги и изнудете слатка насмевка!

slatki-bombici-od-bademi-i-kafe-01.jpg

Потребни состојки:

  • 150g мелени бадеми
  • 150g шеќер во прав + 4 до 5 лажици за валкање
  • 4 лажици инстант кафе
  • 2 белки
  • 1 ванилин шеќер

Подготовка:

Помешајте ги бадемите, шеќерот во прав, ванилиниот шеќер и кафето, па со непрестанато мешање додајте ги матените белки додека смесата не стане густа.

Направете топчиња, извалкајте ги во преостанатата изматена белка, а потоа во неколкуте лажици шеќер во прав.

Ставете ги во подмачкан плех со хартија за печење и печете 10тина минути.

По желба украсете ги со стопено чоколадо или сечкани бадеми.

Послужете и уживајте!

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Редена еклер торта што не се пече, со фил од јаболка и ванила Омиленото есенско овошје се јаболката, а од оваа лесна торта сите ќе бараат парч...
Нова верзија на рецептот на баба: Омилените божиќни гурабии со ванила и ореви Се сеќавате на вкусните колачиња што буквално ви се топат во уста? Меки и полнет...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Чизкејк од банани што не се пече – идеален за летните денови Брзите чизкејк десерти се меѓу омилените на модерните домаќинки затоа што не се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg