Пробајте: Експрес торта без печење

Секој кој ќе ја проба ќе ужива во мешавината на бисквити, пудинг и овошје, а оној кој ќе ја подготви ќе изгледа како врвен готвач, а потрошил само 15 минути во кујна.

probajte-ekspres-torta-bez-pecenje-01.jpg

По сè изгледа, вреди да ја направите и споделите уште денес.

Потребни состојки:

  • 1 пакетче бисквити
  • 2 пудинзи од ванила
  • 1l млеко + 100ml за бисквитите
  • 6-8 лажици шеќер
  • 1 kg банани
  • 1/3 лимон

Подготовка:

Сварете ги пудинзите со млекото и 6-8 лажици шеќер. Кога пудингот ќе се свари, оставете го да се излади и да се згусне.

Кексите потопувајте ги во млеко за да омекнат и наредете ги на чинија или тава. По првиот слој, прелијте пудинг, па наредете кругови банана.

Важно е бананата претходно да ја исечете и круговите да ги потопите во сокот од лимонот.

Запазете го редоследот бисквити - пудинг - банани додека не го потрошите материјалот.

Завршете со ред бисквити, па по желба декорирајте со шлаг пена и рендано бело чоколадо.

probajte-ekspres-torta-bez-pecenje-02.jpg

Послужете ја тортата студена, со некој вкусен пијалак.

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Чизкејк од банани што не се пече – идеален за летните денови Брзите чизкејк десерти се меѓу омилените на модерните домаќинки затоа што не се ...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Редена еклер торта што не се пече, со фил од јаболка и ванила Омиленото есенско овошје се јаболката, а од оваа лесна торта сите ќе бараат парч...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg