Чоколадна торта со полнење од бело чоколадо

Само замислете си го двојното чоколадно задоволство - гледате торта од темно чоколадо, сечете залче и откривате дека внатрешноста е полна со крем од бело чоколадо.

cokoladna-torta-so-polnenje-od-belo-cokolado-01.jpg

Токму такво уживање ве чека ако решите да одвоите нешто повеќе од половина час и да го подготвите овој рецепт.

Потребни состојки:

  • 6 јајца
  • 14 лажици шеќер
  • 6 лажици брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 6 лажици топла вода
  • 4 лажици какао
  • 1,2l млеко
  • 1 бело чоколадо
  • 400g маргарин
  • 100g густин
  • 150g шеќер во прав
  • 2 темни чоколади за готвење

Подготовка:

6-те јајца изматете ги со 6 лажици шеќер.

Брашното измешајте го со прашокот за печиво и какаото, па додајте ги изматените јајца.

Додајте 6 лажици млака вода, па изедначете ја смесата.

Прелијте ја во плех премачкан со масло и печете 20 минути на 200 степени.

Од 1 литар млеко одвојте 10тина лажици и помешајте ги со густинот и 4 лажици шеќер, па направете густа смеса.

Остатокот од млекото оставете го да зоврие заедно со белото чоколадо.

Во млекото кое се вари додајте го густинот измешан со млеко, па мешајте постојано додека не добиете крем.

Тргнете од оган и кога ќе се олади додадете 250g маргарин претходно изматен со шеќерот во прав.

Печениот пандишпан пресечете го на половина. Едната половина премачкајте ја со направениот фил од бело чоколадо, па покријте со другата половина.

Прелијте со глазура направена од 2-те темни чоколади за готвење, 4 лажици млеко, 4 лажици шеќер и 150g маргарин.

Тортата ставете ја во фрижидер најмалку 1 час пред да ја сечете и послужите.

Би можело да ве интересира:

Рецепт за „медени младенчиња“ - посни колачиња за Младенци За Младенци се месат 40 колачиња од брашно, кои се премачкани со мед и со нив се...
3 брзи мезиња за новогодишната трпеза Брзи залчиња од зденки на крекери, корнети со пилешка салата, или крцкави нового...
Како од ресторан: Рецепт за крцкави свински ребра во рерна Како да подготвите крцкави, зачинети свински ребра во рерна? Заради овој рецепт ...
Предлози за оброци без месо за цела недела - здрави се и брзо се прават Ви претставуваме рецепти за вкусни и хранливи оброци без месо, за седум дена од ...
Рецепт за брза пилешка салата – идеално мезе кога чекате гости Заради овој рецепт секогаш ќе практикувате да имате дома пилешко месо и крастави...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg