Брзо и едноставно: Чоколадна торта без јајца, млеко и путер

Во последно време сè почесто имаме можност да погледнеме брзи и едноставни рецепти кои употребуваат само две или три состојки или се подготвуваат во микробранова.

koga-nemate-nishto-po-doma-desert-bez-jajca-mleko-i-puter-01.jpg

На социјалните мрежи се појави еден нов невообичаен рецепт кој со сигурност ќе посакате да го пробате.

Идеален е тогаш кога се брзате, сакате да подготвите некој десерт, а немате ништо дома.

Овој рецепт не е направен од традиционалните состојки за подготовка на десерт, како јајца, млеко или путер.

Потребни состојки:

  • 1 - ½ шолја брашно
  • 3 лажици какао во прав
  • 1 шолја шеќер
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • ½ лажичка сол
  • 1 лажичка јаболков оцет
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 5 лажици сончогледово масло
  • 1 шолја вода


Подготовка:

Однапред загрејте ја рерната на 180 степени. Тавата за печење поминете ја со малку масло за да не се лепи колачот, сите состојки ставете ги заедно, измешајте ги и ставете ги да се печат.

koga-nemate-nishto-po-doma-desert-bez-jajca-mleko-i-puter-1.jpg

По 35 минути извадете ја тавата од рерна и уживајте во вашиот нов омилен десерт.

koga-nemate-nishto-po-doma-desert-bez-jajca-mleko-i-puter-2.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за лесни велигденски зајчиња полнети со Нутела Се прават од готово лиснато тесто, само треба да го намачкате со Нутела и да нап...
Брзи лиснати кроасани со зденка и виршла Супер брз рецепт за кроасани со готово лиснато тесто, зденка и виршли... Се топа...
Рецепт за домашен сладолед со Орео колачиња - ќе барате уште една порција Да! Домашниот сладолед може да биде повкусен од купениот! Само треба да знаете к...
Рецепт за колачиња од ѓумбир, што се печат и во Air Fryer Како да ги подготвите омилените колачиња со ѓумбир, што се застапени речиси во с...
5 брзи идеи што да им подготвите нa децата за ужинка за во училиште  Ролнички со нутела и банана, полнет ѓеврек или макарони... Што можете да и...
Брз и едноставен рецепт за чизкејк со кокос и бело чоколадо Кокосот игра главна улога во овој десерт во кој ќе се вљубите вие и вашите сакан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg