Брз и едноставен рецепт за чизкејк со кокос и бело чоколадо

Кокосот игра главна улога во овој десерт во кој ќе се вљубите вие и вашите сакани. Најдоброто е што не ви треба некој талент за да го направите.

kremasto-zadovolstvo-recept-za-chizkejk-so-kokos-01.jpg

Комбинирајќи го богатството на белото чоколадо со егзотичниот вкус на кокос, овој десерт сигурно ќе ве пренесе во рајот на слаткото уживање.

Многу е брз и едноставен, па е одличен и за оние кои немаат многу време за во кујна или не се многу талентирани за правење десерти.

Потребни состојки:

За подлога:

  • 150g бисквити
  • 75g путер

За фил:

  • 380g крем сирење
  • 75g грчки јогурт
  • 75g кокосово брашно
  • 200g бело чоколадо

За декорација:

  • 150g кокос
  • 80g бело чоколадо (рендано)

Начин на подготовка:

  • Сомелете ги бисквитите и измешајте ги со путерот.
  • Со добиената смеса направете ја подлогата во калап за торта.
  • Растопете го белото чоколадо и измешајте го со другите сосотојки за филот.
  • Ставете го филот врз подлогата од путер и бисквити и ставете ја тортата во фрижидер да се стврдне.
  • На крај декорирајте со кокос и рендано бело чоколадо.

kremasto-zadovolstvo-recept-za-chizkejk-so-kokos-02.jpg

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
Рецепт за колач со мандарини и карамелизиран шеќер Ако еднаш го направите овој колач, веќе нема да сакате да ги јадете мандарините ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg