Десерт за 5 минути: Тост со топено чоколадо

За да не ви кажат дека не сте јаделе „нормално јадење“, а вие сепак да не отстапите од јадењето чоколадо, ова е совршениот рецепт кој го комбинира традиционалниот тост со вашето омилено чоколадо.

desert-za-5-minuti-tost-so-topeno-cokolado-1.jpg

И најдоброто од сè е што ќе ви одземе само 2 минути за подготовка и уште 3 минути за печење.

Потребни состојки за 1 тост:

2 парчиња леб (препорачливо бриош, заради слаткиот вкус)

2-3 лажици слатка павлака или изматен шлаг крем

3-4 коцки млечно или црно чоколадо

Подготовка:

Загрејте го тостерот на средна температура.

Размачкајте го изматениот шлаг на двете парчиња леб.

Cokoladen-tost-za-koj-kje-vi-bidat-potrebni-samo-5-minuti-02

Распоредете го млечното чоколадо на парчето леб така што ќе го покриете секој дел.

Cokoladen-tost-za-koj-kje-vi-bidat-potrebni-samo-5-minuti-04

Ставете ги парчињата леб едно врз друго и ставете го во тостер 3 минути, или се додека чоколадото не се стопи. Не го вадете од тостерот прерано, но и не чекајте тој да се разлее по целиот тостер.

Cokoladen-tost-za-koj-kje-vi-bidat-potrebni-samo-5-minuti-06

Уживајте во вашиот чоколаден тост пред да сфатите дека некој веќе го „средил“. 

desert-za-5-minuti-tost-so-topeno-cokolado-2.jpg

desert-za-5-minuti-tost-so-topeno-cokolado-3.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Француски рецепт за ролнички со јаболка, ф’стак и цимет Едноставен рецепт за превкусни француски ролнички со јаболка, цимет и ф’стаци, н...
Рецепт за сочна џин торта, готова за еден час Ако сте љубител на џинот, тогаш сигурно ќе уживате во вкусот на оваа торта. А...
Брза Несквик торта со готово тесто - Идеален рецепт за сите сладокусци Сакате да подготвите нешто слатко и вкусно, а да не ви одземе многу време? Проба...
Брзи мини пици со модар патлиџан – вкусно, прсти да излижете Наместо класичната пица со тесто, направете вкусни мини пици со модар патлиџан -...
Рецепт за вкусен десерт од француската кујна: Крем бруле од ванила Како да подготвите вкусно крем бруле, што ќе биде идеален десерт за семејниот ру...
Орео колач во микробранова, готов за 5 минути Вкусен чоколаден колач со Орео кој се топи во устата и се подготува во микробран...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg